4 видови предигра што ќе ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот долгогодишен партнер

4 видови предигра што ќе ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот долгогодишен партнер

Без разлика дали барате идеи за да ги зачините нештата во креветот или пак, само сакате да пробате нешто ново, следен пат фокусирајте се на предиграта и брзо ќе забележите дека нештата стануваат многу позабавни од претходно. Одложувањето на самиот сексуален акт ќе направи да копнеете еден за друг и крајните резултати ќе вредат за чекањето! Обидете се со овие 4 видови предигра за да ги достигнете најжешките моменти меѓу вас двајца!

4 видови предигра што ќе ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот долгогодишен партнер

1. Носете секси долна облека

Следен пат кога ќе се договорите да одите на вечера во ресторан, облечете нешто секси под вашата вообичаена облека. Не му кажувајте ништо на партнерот сè додека не сте во автомобилот, на неколку минути од ресторанот. Тогаш дискретно покажете му што го очекува кога ќе се вратите дома и натерајте го да чека цела вечер за да го види и останатиот дел.

2. Направете игра

Почнете да се бакнувате и да се соблекувате еден со друг, но не дозволувајте си да скокнете веднаш на главниот акт. Обидете се да се мотивирате да издржите што е можно повеќе пред да се предадете и смислете казна за губитникот, односно за оној што прв ќе попушти.

4-vidovi-predigra-shto-kje-gi-razgorat-strastite-pomegju-vas-i-vashiot-dolgogodishen-partner-www.kafepauza.mk.jpg1

3. Заедно избањајте се по работата

Опуштете се по долгиот ден со пенлива купка или жежок туш заедно со вашиот партнер. На овој начин заеднички ќе ги измиете и сите оние стресови и тензии што се „залепиле“ за вас во текот на денот и ќе можете подобро да уживате во вашето присуство. Додајте свеќи околу кадата за романтична атмосфера или пуштете музика додека се бакнувате под тушот. На спалната соба може да ве чекаат чоколади со кои ќе се засладите по бањата, за дополнително да го одложите сексуалниот чин.

4. Заврзете ги очите на вашиот партнер

Нештата можат да бидат многу поинтересни ако ги затворите очите на партнерот со вратоврска или марама. Почнете да го/ја бакнувате по вратот, стомакот или кое било друго место, полека симнувајќи се надолу. Ако навистина сакате да го/ја воодушевите, држете ледена коцка во устата додека со бакнежите се спуштате надолу.

4-vidovi-predigra-shto-kje-gi-razgorat-strastite-pomegju-vas-i-vashiot-dolgogodishen-partner-www.kafepauza.mk.jpg2


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар