4 чекори до совршени веѓи

4 чекори до совршени веѓи

Обликувањето веѓи е една од суптилните нешта кои лицето го прават средено и чисто. Необликуваните веѓи ги кријат потенцијалите на лицето, неговите убави црти и карактеристични линии.

4 чекори до совршени веѓи

Погледнете четири брзи и лесни чекори за убаво обликувани веѓи со природен изглед.

Чекор 1

4 чекори до совршени веѓи

Најважно е да знаете што ви треба за убаво обликувани веѓи:
  • моливче за веѓи во боја на вашите веѓи
  • четкичка за веѓи
  • пинцета
  • ножички за обликување на веѓи

Чекор 2

4 чекори до совршени веѓи

Најдете ја природната линија на веѓите. Како да го направите тоа? Земете ја четкичката за веѓи и држете ја вертикално на лицето за да се допира до носот, а врвовите на четкичката да се допираат до челото. Онаму каде што е врвот на четкичката, таму треба да почнува природниот раст на веѓите. Потоа, изедначете ја четкичката со вашиот ирис. Таму каде што е средината, веѓата треба да почне да се истенчува. На крај, изедначете ја четкичката спрема крајниот агол на окото. Онаму каде што се наоѓа четкичката, таму треба да завршуваат веѓите.

Чекор 3

4 чекори до совршени веѓи

Со помош на четкичката за веѓи, внимателно исчешлајте ги веѓите кон горе, накај челото. Земете ги ножичките и потстрижете ги влакненцата кои излегуваат надвор од природниот облик на веѓата. Стрижете внимателно за да добиете правилен облик на веѓите. Потоа, со четкичката исчешлајте ги веѓите во природната положба.

Чекор 4

4 чекори до совршени веѓи

Застанете пред огледалото и внимателно со пинцета вадете ги влакненцата околу веѓите. Влакненцата секогаш отстранувајте ги во насоката во која растат, за да спречите појавување на поткожни влакненца. Употребете го моличвето за веѓи доколку сакате да ја потенцирате бојата на веѓите, да ги пополните или да ги истакнете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар