34 позитивни афирмации кои ќе го поддржат вашето духовно созревање

34 позитивни афирмации кои ќе го поддржат вашето духовно созревање

Дали ви е потребна духовна поддршка? Овие афирмации ќе ги нахранат вашите ум и душа, а кога ќе ги вметнете во вашето секојдневие тие ќе ви помогнат да направите „духовни мускули“.

34-afirmacii-koi-kje-go-poddrzhat-vasheto-duhovno-sozrevanje-kafepauza.mk

Афирмациите помагаат да ги замените вашите негативни мисли со позитивни. Ако редовно ги употребувате, тие целосно ќе го променат начинот на кој размислувате, а можеби и начинот на кој ги гледате работите. Ако не ви се допаѓа она што ви се случува во вашиот живот, репрограмирајте го мозокот со афирмации кои ќе се фокусираат на промената која сакате да се случи.

Не е доволно само механички да ги повторувате афирмациите и да очекувате промена. Важна е вашата намера за она што сакате да го промените. Замислете си како ќе се чувствувате кога вашите афирмации ќе станат реалност. Чувствувајте го тоа секогаш кога ги повторувате овие зборови и ќе создадете нови врски во вашиот мозок кои ќе бидат усогласени со афирмациите. Обрнете внимание на тоа дали има каков било отпор или кон афирмациите или кон вашата намера.

Ако забележите и најмал отпор, обидете се да го откриете неговиот извор. Обично тоа е нешто кое треба да го „излечите“. Дали имате некои ограничени верувања од кои треба да се ослободите? Ако ова е причината, предадете се и повторувајте си дека вие сте свесни за вашиот потенцијал. Во продолжение погледнете ги афирмациите кои ќе ви помогнат во вашето духовно созревање.

1. Како што јас се вљубувам во целото постоење, целото постоење се вљубува во мене.

2. Денес кога универзумот ми праќа благослови, јас правам простор за да ги примам.

3. Бескрајна љубов тече низ мене, во мене, како мене.

4. Ги отворам моите ум и срце за совршената љубов на универзумот.

5. Знам дека мојата светлина свети бидејќи божествената светлина во мене секогаш сјае.

6. Универзумот ме води по мојот пат и сè се случува за мое добро.

7. Ги отворам вратите кон мојата добрина и ја прифаќам божественоста.

8. Божественоста ме води и ме инспирира за сè што правам, размислувам и кажувам.

9. Целото постоење крои заговор во моја корист.

10. Го создавам совршениот план за мојот живот со тоа што ги одбирам совршените мисли.

11. Сè што сум барал/а, сега ме бара мене.

12. Живеам со совршената љубов на универзумот. Ги гледам неговите совршени очи. Го прифаќам совршениот мир на универзумот.

13. Јас сум совршен, отворен канал за божествен мир, божествена љубов, божествено изобилство и божествена инспирација.

14. Сега ми се откриени тајните на вечноста.

15. Моето постоење е полно со радост.

16. Јас сум заштитен/а со добрината на универзумот.

17. Јас сум задоволен/на од милоста на универзумот.

18. Јас се придржувам до совршената целост на постоењето.

19. Јас сум преплавен/а со љубов. Јас сум поддржан/а од љубов. Крилјата на љубовта ме издигнуваат до совршена хармонија со целиот живот секаде.

20. Секаде каде што одам, сè што гледам, сè што искусувам, е видлив доказ дека целото постоење ме поддржува.

21. Добрината доминира во секое мое искуство.

22. Во секој момент јас сум инспириран/а да делувам. Во секој момент знам што точно треба да направам и како да го направам тоа.

23. Јас успешно го живеам совршениот живот.

24. Универзумот во мене е моќен, силен и незапирлив.

25. Сега сум опкружен/а со божественост, прегрнат/а, ценет/а и заштитен/а.

26. Сега е време за моето добро.

27. Универзумот во мене го знае одговорот за секоја моја потреба и желба. Поради тоа сите мои желби се остваруваат.

28. Секоја клетка во моето тело функционира во совршен божествен ред.

29. Универзумот е во мене како мојата душа. Поради тоа сега сум цел/а, совршен/а и комплетен/на во секоја смисла.

30. Го ставам мојот живот во рацете на бескрајната љубов и божествената мудрост.

31. Јас сум магнет за бескрајното добро од универзумот и го привлекувам без проблем.

32. Со задоволство ја прифаќам целината на моето битие.

33. Сега без проблем привлекувам сè што ми е потребно.

34. Јас сум благословен/а и јас сум благослов за овој свет.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте го пронашле вашиот духовен пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар