30 одлични совети и незаменливи факти за употребата на црвениот кармин
16. Црвениот кармин мора да се поправа на секој час, и тоа му е единствениот недостаток. Меѓутоа, тој ќе биде многу постојан ако правите редовен пилинг на усните. Наводнете го крајот на пешкирот и исцедете го. Со него масирајте ги усните со кружни движења неколку пати. Потоа направете го истото и со сувиот крај од пешкирот. Потоа нанесете кармин. Кога од усните ќе се отстранат мртвите клетки, тие ќе бидат помазни, па карминот на нив ќе трае многу подолго.
17. Трагата од црвен кармин на чашата за вино не изгледа добро. Затоа, лизнете ја чашата пред да почнете да пиете, бидејќи влагата ќе го спречи карминот да се залепи на стаклото. Никој нема да забележи ако сосема ја приближите чашата до усните и директно ја лизнете пред првата голтка.
18. Црвениот кармин ќе успеете да го избришете доколку нанесете тенок слој бебешко масло на усните и ќе го оставите да отстои околу една минута. Потоа избришете ги усните со марамче. Бидејќи усните и понатаму ќе ви бидат обоени, масирајте ги со четка за заби со ситни кружни движења. Усните ќе станат сосема чисти.
19. Сте заборавиле да понесете огледало, а треба да нанесете кармин? Не е невозможно ако го научите овој трик. Прво намачкајте го карминот на долната усна. Потоа, спојте ги усните за бојата од долните усни да се преслика на горните. Не ја стискајте усната прејако и не мрдајте за да не ја размачкате бојата преку контурите на усните. На крај, малку повнимателно развлечете го карминот на контурите на средниот дел од горната усна.
20. Со црвениот кармин ќе изгледате помладо. Тоа го докажала и студијата која ја направиле Шанел R & D. Односно, усните со текот на годините ја губат пигментацијата и сѐ повеќе се наближуваат до бојата на лицето. Кога е жената млада, нејзините усни се многу поцрвени од кожата. А, црвениот кармин дава ефект на младоликост така што повторно создава силен контраст помеѓу бојата на кожата и усните.
21. Црвениот кармин гарантира успех на работното место. Научниците од Харвард утврдиле дека жените кои носат смела шминка се смели и на работното место. Тие се полни со самодоверба и се доживуваат себеси како компетентни на работното место. А, дека и другите ги гледаат на тој начин потврдил и експериментот во кој научниците им покажувале на испитаниците фотографии на жени со различни кармини. Сите одговориле дека жените со црвен кармин делуваат поавторитетно од оние со понежни кармини.
22. Колку повеќе црвен кармин, толку повеќе селфи фотографии! Така барем тврдат во студијата спроведена на Харвард. После анкетирањето на 1.000 жени, истражувачите заклучиле дека жените кои носат црвен кармин прават за 50% повеќе селфи фотографии од оние кои носат неутрални бои.
23. Пред да седнете во автомобилот, нанесете црвен кармин. Бидејќи, 37% од жените тврдат дека полицајците им ја опростиле казната за брзо возење кога имале црвени усни.
24. Досега се мислело дека сувите усни најпрво треба да се намачкаат со балсам за усни, па дури потоа со црвен кармин. Меѓутоа, не е така! Кожата подобро ќе ја апсорбира влагата од средството за нега ако го намачкате преку карминот. Притоа е подобро да користите балсами на база на восок отколку на база на масло.
25. Кој вели дека човекот секогаш мора да бира? Ситуацијата не е секогаш или-или. Кога ќе ви биде тешко да изберете помеѓу топли и ладни нијанси на црвен кармин, не правете го тоа. Ставете ги и двата. Со ладниот црвен кармин намачкајте ги целите усни, а потоа додајте ја топлата црвена боја на средината на усните. Така вашите усни ќе изгледаат полно и сочно.
26. За црвениот кармин да ви трае во текот на цела ноќ, користете водоотпорен молив за усни или мат кармин. Карминот нанесете го директно, а не со четка. Бакнете го марамчето, а потоа нанесете уште еден слој.
27. Излегувате и носите сосема сплескана писмо-чанта која, ако ставете во кармин во неа, ќе се деформира. Тогаш земете четка за шминка, натопете ја со карминот кој сте го нанеле на усните и така во секој момент ќе можете да го поправите. И тоа ултра прецизно.
28. Најлошото нешто што може ви се случи со црвениот кармин е да ви се вовлече во порите околу усните. Кај младите тоа изгледа неуредно, а кај постарите изгледа очајно. Бидејќи на тој начин ситните брчки околу усните се гледаат. И тоа многу. За да го избегнете тоа, пред да нанесете кармин, на усната и на кожата околу неа нанесете пудра во прав.
29. Секоја жена треба да има црвен кармин, бидејќи тој никогаш нема да излезе од мода. Се менуваат текстурите, се менуваат нијансите, се менува вклопувањето со остатокот од шминката, но бојата останува. Погледнете ги ревиите – од најновите до најстарите. Црвениот кармин се појавува на секоја модна писта.
30. Црвениот кармин е најбрзиот и најефикасниот начин да го избришете заморот од лицето. Само нанесете го и ќе светнете. Помалку се гледаат подочниците, помалку се гледаат останатите недостатоци. Тој е крал за освежување на лицето.
Доколку сакате да ја носите оваа боја на вашите усни, погледнете кои проблеми ги имаат девојките кои постојано носат црвен кармин.