30-годишници ги споделуваат своите каења за 20-тите години - Part 2

30-годишници ги споделуваат своите каења за 20-тите години

Луѓе во 30-тите години споделуваат за што жалат во врска со нивните 20-ти

9. Направете нешто

„Направете нешто. Во ред е да не знаете што да правите со вашиот живот, но ако го користите тоа како изговор за да не правите нешто корисно или продуктивно, тогаш ќе жалите за потрошеното време.“

10. Не ограничувајте ги временски своите цели

„Не живејте според времето. Мислам дека во ред е да се посветите на кариерата или финансиските цели, но не приврзувајте се со нив според возраста. Сметам дека кога сте млади, привлечно е да кажете дека кога ќе имате 30 години ќе се ожените, ќе имате деца и слично. Ако чувствувате притисок да го живеете животот на одреден начин на одредена возраст, секако ќе бидете разочарани.“

11. Останете достојни на она што сте

„Не плашете се да бидете она што сте. Не дозволувајте никакви книги, личности или општеството да ве притиска да бидете нешто што мислите дека другите сакаат да бидете. Едноставно бидете она што сте, животот е премногу краток за да бидете некој друг.“

12. Бидете малку диви

„Не пиев доволно, не пробав дрога и не се забавував ни приближно како моите врсници. Сега сум во време од животот кога сите мои пријатели имаат деца или се целосно фокусирани на нивната кариера, а јас сум на место каде што конечно сакам да се забавувам, но нема кој да ми го покаже патот (а не сакам да излегувам со луѓе 20 години помлади од мене). Пропуштив многу искуства затоа што премногу се плашев и сакав да останам пофокусиран на мојата работа/приход.“

13. Не грижете се премногу за она што го мислат другите

„Поминав многу време грижејќи се за тоа што другите го мислат за моите намери и постапки, а не поминав доволно време правејќи работи што сакав да ги направам.“

14. Запаметете дека го имате целиот живот пред вас

„Мојот совет е да не брзате да правите некои работи во вашите 20-ти само затоа што мислите дека треба. Едноставно правете што сакате, бидете природни и, ако е потребно, дајте си време самите на себе.“

15. Не чувствувајте притисок да патувате само затоа што сите го прават тоа

„Мило ми е што не патував многу во странство кога бев во моите 20-ти години. Врз основа на тоа како се однесував за време на одморите во САД, најверојатно ќе потрошев многу време и пари одејќи во клубови. Сега кога имам 30 години и сум смирен, го имам задоволството да се сеќавам на забавните моменти кои ги доживував додека патував и што ги истражував историските и културните локалитети кои додадоа голема вредност во мојот живот.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар