3 слатки десерти со Орео колачиња

3 слатки десерти со Орео колачиња

Замислете си вкусни Орео колачиња. Сега замислете ги истите како состојки во вашиот десерт.

3 слатки десерти со Орео колачиња

1. Орео чизкејк

Потребни состојки (за 8-10 порции):
  • 18 Орео колачиња (отстранете го полнењето од средина)
  • 10 Орео колачиња (грубо искршени)
  • 1 супена лажица стопен путер
  • 125 г крем-сирење на собна температура
  • 100 г шеќер (или помалку доколку не сакате да биде многу благо)
  • 3 јајца со средна големина
  • Сосем малку сол
  • 2 супени лажици брашно
  • 125 г павлака на собна температура

3 слатки десерти со Орео колачиња

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200˚C. 18-те Орео колачиња без фил, ставете ги во најлонска ќеса за складирање храна и издробете ги мавајќи со тврд предмет врз нив. Тргнете малку од искршените колачиња на страна а во ќесата со останатите додајте го стопениот путер. Промешајте и истурете ја смесата во тава за печење и додајте ги останатите искршени колачиња на дното на тавата. Потоа измазнете ја смесата за да биде еднаква на сите страни.

Вклучете го миксерот на ниска брзина и изматете го крем-сирењето. Истовремено додавајте го и шеќерот и продолжете со матење. Додајте ги и јајцата, едно по едно, матејќи истовремено. Во смесата додајте ги и солта и брашното и изматете ги добро. Потоа додајте ја и павлаката.

Во истата смеса додајте ги грубо искршените Орео колачиња и со лажица за матење измешајте добро. Додајте ја смесата врз веќе налеаната смеса во тавата за печење и оставете да се пече 1 час.

За да проверете дали тортата е испечена, занишајте ја тавата и доколку тортата е цврста а не течна значи дека тортата е печена.

Оставете ја тортата да се олади на собна температура, потоа оставете ја еден ден да отстои во фрижидер пред да ја сервирате.

Совет: Со цел да исечете совршени парчиња од ладната торта, потопете го ножот во жешка вода пред да го пресечете парчето.

2. Орео тирамису

Потребни состојки (за 6 порции)
  • 9 пишкоти, грубо искршени
  • 2 кафени лажици инстант еспресо разредени во 240 мл топла вода
  • 12 Орео колачиња, грубо искршени
  • 200 г маскрапоне сирење
  • 2-3 кафени лажици ликер од кафе
  • 2 јајца со средна големина (жолчките одделете ги од белките)
  • 45 г шеќер
  • 6-8 супени лажици чоколаден сируп
  • 6 половинки Орео (за декорација)

3 слатки десерти со Орео колачиња

Начин на подготовка:

Поделете ги искршените пишкоти во 6 стаклени чаши за десерт. Додајте ја смесата со кафе врз пишкотите во секоја од чашите во еднаква количина. Во сад за матење додајте ги жолчките од јајцата заедно со 25 г шеќер и изматете ги со миксер. Потоа додајте го маскрапоне сирењето и ликерот од кафе и изматете добро.

Во друг сад за матење изматете ги белките од јајцата со останатиот шеќер. Откако добро ќе ги изматите, додајте ги белките во смесата со сирењето. Во оваа смеса додајте ги Орео колачињата.

Додавајте од оваа смеса еднакво во секоја од 6-те чаши за сервирање. Откако ќе ги наполните сите чаши, врз секоја од нив додајте по малку чоколаден сируп или наросете искршени Орео колачиња.

Оставете да отстојат во фрижидер барем 4 часа. Пред да ги сервирате поставете по една половинка Орео колаче во секоја од чашите.

3. Сладолед со Орео и банана

Потребни состојки (за 4 порции):
  • 12 Орео колачиња грубо искршени
  • Сладолед од ванила (може и чоколаден)
  • 2 банани исечкани на парчиња
  • Сосем малку сол

3 слатки десерти со Орео колачиња

Начин на подготовка:

Земете 4 стаклени чаши за сервирање десерт и поставете ги парчињата банана на дното на секоја од чашите. Наросете сосем малку сол врз бананите.

Во секоја од чашите додајте по две топки сладолед. Доколку сакате може да одберете два вкусови и да додадете по една топка од секој.

Додајте ги искршените Орео врз секоја од чашите за сервирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар