15 работи кои пречувствителните личности би сакале да ги разберете

15 работи кои пречувствителните личности би сакале да ги разберете

Пречувствителна личност е онаа која има малку поразвиен нервен систем од другите и поради тоа поинтензивно чувствува сè околу себе. Ваквите личности се многу интуитивни и знаат многу лесно да ги почувствуваат и туѓите емоции. Тие не се секогаш интровертни или срамежливи како што другите ги доживуваат, туку само брзо се заморуваат од контактот со луѓето. Не можат да поднесат премногу дразби наеднаш и секогаш им е потребно дел од денот да го поминат сами со себе.

Мора да се потрудите за да ги разберете добро овие луѓе. Доколку имате некоја таква личност покрај себе, таа ќе мора да направи одредени отстапки за да може да се вклопи со вашиот стил на живот, но и вие ќе мора да направите нешто за да се приспособите на неа. Тоа ќе го постигнете на овие начини.

15 работи кои пречувствивтелните личности би сакале да ги разберете

1. Зборувајте им тивко кога сте блиску до нив. Можеби имаат енергија за некои гласни активности, но најголемиот дел од времето сакаат да го поминат во тивок амбиент. Чувствителни се на гласно зборување.

2. Не се хронични мрчатори. Во нивниот свет сè е премногу интензивно. Не им кажувајте какви се, тоа ги иритира, а кога нешто им предизвикува такво чувство, тогаш јасно и гласно го кажуваат своето мислење. На некој друг тоа може да му изгледа чудно и претерано, но тие баш така се чувствуваат.

3. Поднапиеноста ги ослободува, но кога се опијанети тоа е пекол за нив. По една или две чашки тие се однесуваат послободно, но не сакаат да почнат нивните интензивни главоболки, па затоа тука ќе застанат со пиењето, а вие не треба упорно да им нудите уште пијачки.

4. Спортот не е за нив. Можат да се справат со спортските активности ако вежбаат сами, но тие не се тип на личности кои се создадени за тимски спортови. Тешко го поднесуваат неуспехот да бидат на рамниште со тимските колеги, особено ако сметаат дека се набљудувани.

5. Не грижете се ако се одвојат од групата или наеднаш станат многу молчаливи. Тоа е само привремено додека ги смират емоциите. Не им е здодевно, ниту се вознемирени, само им треба некое време насамо пред да се вратат назад. Дајте им го тоа време.

15 работи кои пречувствивтелните личности би сакале да ги разберете

6. Се загледуваат во празно. Не е проблемот во тоа дека не ви обрнуваат внимание, туку тоа е момент во кој тие ги процесираат сите дразби кои ги примиле од светот и размислуваат за нив. Оставете ги, брзо ќе се вратат во „реалноста“.

7. Нормално е да ги снема на неколку дена. Им треба време да си ги живеат животите сами со себе. Не е ништо чудно ако ги снема на извесен период, тоа не значи дека ве напуштиле.

8. Не лажете ги за вашите чувства. Тие знаат како да пробијат под вашиот оклоп и да сфатат што се случува со вас.

9. Избегнуваат политички дискусии. Ако некому не му е лесно што некој некаде далеку има проблем од општествен карактер, тоа се тие. Не им е лесно да разговараат за тоа како некој гладува или мора да се крие од бомбите.

10. Тие се најдобрите слушатели. Знаат добро да ве сослушаат, а истото го очекуваат и од вас. Не прекинувајте ги, не нудете совети пред да ги ислушате и ќе го добиете истото и од нив.

15 работи кои пречувствивтелните личности би сакале да ги разберете

11. Набљудуваат, но не осудуваат. Пречувствителните личности сакаат да ја набљудуваат околината во детали, но нема да ве осудат за тоа што ќе го забележат кај вас. Тие се такви што имаат разбирање за вас. Па и тие самите се соочуваат со чести осудувања, знаат како е да се биде од другата страна.

12.Кафулињата и дискотеките не се единствените места каде што сакаат да излегуваат. Преферираат некои потивки опции, како галерии, џез концерти, ресторани, кино…

13. Исчистете го сопствениот неред. Ако живеете со таква личност, мора да знаете дека нередот многу ги иритира. Нередот, всушност, ги иритира и помалку чувствителните.

14. Не ги прекинувајте додека работат. Најдобри се кога работат сами и се многу сконцентрирани. Оние кратки, мали, непотребни разговори ги вадат од колосек.

15. Не им велете да не си ги земаат работите при срце. Тие се такви какви што се и обидот да ги промените нема да донесе ништо убаво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар