15 начини да ги складирате работите во домот, така што ќе имате простор за сѐ
9. Металните кошеви се неопходни за во тоалетот или за во кујната
Овие кошеви се совршени за чување различни средства, било тоа да е во тоалетот или во кујната. Доколку немате простор на друго место, можете да ги закачите и на ѕидот.
10. Секаде може да се создаде дополнителен простор за складирање
Дополнителниот простор за складирање можете да го направите каде било, дури и на завесите кај тушот.
11. Секогаш е возможно да вметнете корисни, но невидливи држачи за предмети во вашиот дом
Не е важно доколку немате можност да поставите дополнителен шкаф во вашата соба за да ги сокриете сите оние неубави предмети, затоа што можете да создадете вградени шкафови во ѕидот, а исто така и да ја закачите вашата маса за пеглање, при што ќе сочувате дополнителен простор.
12. Искористете ги ќошињата во домот
Ќошињата во домот се одлични за поставување полици. Бидете креативни и искористете го и овој простор најдобро што можете.
13. Не мора да ги чувате пластичните кеси во друга кеса, постои алтернатива за тоа
Сите некаде во домот имате куп пластични кеси, складирани во една. Но, размислете покреативно и ќе сфатите дека постојат и други решенија за нивно складирање и тоа на поудобен и поатрактивен начин.
14. Навлаките за перници може да ве спасат од нередот во плакарот
Уште еден пример кој покажува дека некои работи во животот може да се направат многу полесно. Складирајте ја постелнината во една од навлаките за перници, па во иднина полесно ќе се справувате со нередот во плакарот.
15. Вашата кујна ќе изгледа почисто ако користите посебни садови за чување на производите
Наместо да ги чувате шеќерот, кафето или тестенините во нивните оригинални пакувања, од каде што лесно може да се истурат и да ви направат неред во кујната, ставете ги во посебни садови, но не заборавајте повремено истите да ги чистите.