15 мудрости од таткото на мотивацијата: Не го привлекувате она што го сакате, туку она што сте! - Part 2

15 мудрости од таткото на мотивацијата: Не го привлекувате она што го сакате, туку она што сте!

8. Не го привлекувате она што го сакате во животот, туку она што сте

„Ако сте опседнати со тоа да го поразите другиот и да победите по секоја цена, тогаш загарантирано е дека ќе привлечете вибрации што се еквивалентни на таквиот начин на размислување, без разлика дали вежбате јога и секој ден изговарате позитивни мантри.“

Луѓето честопати мислат дека ако се фокусираат на она што го сакаат, законот на привлечност ќе им го даде она што посакале, но работите не функционираат така. Доколку го прочистите вашиот ум и срце, ќе привлечете многу прекрасни работи во вашиот живот и нема вие да барате успех, туку успехот ќе ве бара вас. Но, ако вашиот ум и срце се полни со негативност, во вашиот живот ќе се појавуваат негативни работи во сите можни форми.

9. Не постојат граници за она што можете да го постигнете – вие сте неограничено битие

„Кога ги аргументирате вашите ограничувања, сѐ што добивате се вашите ограничувања.“

Она што можете да го постигнете не познава граници. Вие самите си наметнувате непостоечки граници.

10. Рајот на земјата е избор што мора самите да го направите, а не место што мора да го пронајдете

„Луѓето кои љубат живеат во свет полн со љубов. Луѓето кои се непријателски настроени живеат во непријателски свет. Станува збор за едниот ист свет.“

Ако се концентрирате на лошите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во вашиот живот. Ако се фокусирате на добрите работи, тоа е сѐ што ќе видите и привлечете во животот.

15 мудрости од таткото на мотивацијата: Не го привлекувате она што го сакате, туку она што сте!

11. Нема потреба да се нервирате за сѐ и сешто

„Добро утро, овде е универзумот. Јас ќе се фокусирам на твоите проблеми денес. Не ми треба твојата помош и затоа ти посакувам волшебен ден.“

Верувале или не, постои невидлива сила која го креира целиот свет и таа сила може да ни биде достапна во моментот кога ќе престанеме да се обидуваме сѐ да направиме сами и во моментот кога ќе одлучиме да им дозволиме на нештата да тргнат по нивниот природен пат и да се препуштиме на текот на работите.

12. Сѐ што ви треба, се крие во вас самите

„Имате сѐ што ви треба за да почувствувате целосен мир и среќа токму во овој момент.“

Во овој момент, сега и тука, вие имате сѐ. Ништо не ви недостасува. Одвојте барем по 5 минути дневно да поминете во мир и тишина и со текот на времето ќе сфатите дека можете да најдете среќа, мир и успех во секој момент од вашиот живот.

13. Вашиот личен развој нема крај

„Поединците кои се етикетираат самите себе велат: ’Јас сум готов производ во овој свет и никогаш нема да бидам поинаков’. Ако сте готов производ, спакуван и тргнат настрана, тогаш вие сте престанале да растете.“

Личниот развој не завршува со крајот на образованието. Ако престанете да се развивате, тоа е исто како да престанете да живеете.

14. Бидете реални, но очекувајте чуда

„Кога ќе почнете да верувате во себе и ќе ја гледате вашата душа како божествена и благородна, автоматски ќе се претворите во битие кое прави чуда.“

Во универзумот постои една голема сила која ќе ви биде достапна во моментот кога ќе почнете да живеете во согласност со она што сте длабоко во себе, правејќи чуда за вас и за луѓето кои ги сакате.

15. Следете го вашето срце и ќе бидете успешни

„Успехот во животот се темели на работите што ги сакате.“

Станува збор за вистина која само неколкумина ја живеат и истражуваат. Кога ќе ја откриете смислата на вашиот живот, кога ќе се обидете да го дадете најдоброто од себе на овој свет, успехот нема да изостане, а вие ќе ја пронајдете среќата која никогаш не сте помислиле дека би можело да биде ваша.

За да го извлечете максимумот од себе, прочитајте ги овие 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар