12 знаци дека вашето момче е и вашиот најдобар пријател

12 знаци дека вашето момче е и вашиот најдобар пријател

Во основата на цврстите љубовни врски се наоѓаат љубовта, довербата и пријателството. Погледнете ги наредниве 12 знаци кои покажуваат дека не само што помеѓу вас постои љубов и довербата, туку и дека тој е вашиот најдобар пријател…

12 знаци дека вашето момче е и вашиот најдобар пријател

1. Понекогаш наместо забава со другарките, повеќе сакате да ја поминете вечерта со него, лежејќи на каучот и не правејќи ништо.

2. Тој ви кажува сè. Вие ги знаете сите негови тајни бидејќи тој едноставно не сака да крие ништо од вас.

3. И двајцата имате исти хобија. А кога станува збор за вашата омилена ТВ серија, и двајцата заедно ја гледате и ниту еден од вас не зборува сè додека новата епизода не заврши.

4. Не ви е проблем да нарачате храна еден за друг. Доколку на враќање од работа застанете покрај некоја пицерија, нема потреба да го прашате дали и тој би сакал да јаде пица. Тоа е вистинска љубов.

5. Имате тајно ракување. Ова е многу важно нешто во случај вонземјани да го презеле неговото тело. Како инаку би препознале дека тој е натрапник? 🙂

6. Вие немате потреба да ја поминувате секоја секунда од денот заедно, но преферирате кога тој е во ваша близина. Доколку тој е излезен со пријателите, а вие сте сами дома и гледате некоја комедија, сигурно се прашувате дали и тој би се насмеал за одредени забавни сцени…

7. Имате голем број интерни шеги. Понекогаш луѓето не можат да го следат вашиот разговор бидејќи вие силно се смеете за нешто што ним им изгледа како комплетна глупост.

8. Доволен е само еден поглед за да дознаете што мисли другиот. Многу е едноставно со поглед да се најдете во просторија полна со луѓе и да знаете дека и двајцата сте подготвени да ја напуштите оваа здодевна забава.

9. Вашите состаноци се секогаш луда авантура. Понекогаш дури мислите дека од вашиот живот би можела да се направи одлична ТВ серија.

10. Вие секогаш го прашувате другиот за совет. Тој ги знае сите ваши лични кризи со кои сте се бореле во вашиот живот, но и вие ги знаете неговите. И не само тоа, туку додека едниот зборува, другиот активно слуша. Вие сте одличен тим.

11. Сте поминале низ тешки времиња заедно. Секако, секоја врска изгледа одлично во своите добри денови, но вие исто така сте преживеале и големи битки. Токму затоа знаете дека тој нема да ве напушти.

12. Меѓусебно си ги завршувате своите… Реченици? Сендвичи? Лични мисии? Начинот на кој ја завршувате оваа фраза кажува многу за вас како пар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар