12 жешки трендови во светот на шминката кои оваа зима го запалија Инстаграм - Part 2

12 жешки трендови во светот на шминката што оваа зима го запалија Инстаграм

7. Корални усни

(7) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Кога деновите се сиви и тмурни, додајте малку боја на нив. Коралниот кармин одговара на сите тонови кожа и ќе ве потсети на сончевите, топли денови.

8. Бордо сенка

(8) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Бордо бојата за очи е одамна хит. Без разлика дали ќе нанесете само малку од оваа боја или ќе се одлучите за целосни „зачадени“ очи во овие нијанси, нема да погрешите.

9. Електрично син ајлајнер

(9) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Додајте малку впечатливост на вашиот изглед со помош на силно сината боја. Нека остатокот од шминката биде ненападна, за фокусот да остане на вашите очи.

10. Бојадисани усни

(10) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Усните со боја на вишна едноставно мамат на бакнежи. Нанесете кармин во форма на крема на средина на усните, а потоа со четка или прстите размачкајте го кон краевите.

11. Металик златна сенка

(11) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Не постои погрешна доба од денот за сенка со боја на злато. Нанесете златна сенка во неколку нијанси на очите, а на трепките ставете повеќе слоеви маскара.

12. Готик кармин

(12) 12-zheshki-trendovi-vo-svetot-na-shminkata-koi-ovaa-zima-go-zapalija-instagram-www.kafepauza.mk

Ако сакате мистериозен зимски изглед, одлучете се за темен мат кармин. Баш како и девојката на фотографијата, обидете се остатокот од шминката да ви изгледа природно.

Што се однесува до модата, овие 10 трендови ќе владеат во 2018-та година, а многу од нив веќе ги имате во вашиот гардеробер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар