12 трикови што ќе ви помогнат секогаш да изгледате аристократски и отмено во комбинациите со црна боја - Part 2

12 трикови што ќе ви помогнат секогаш да изгледате аристократски и отмено во комбинациите со црна боја

7. Нагласете ги очите

Со црната боја може да си додадете некоја година плус доколку не носите шминка на лицето. Важно е да ги нагласите очите, но исто така не мора да носите црвен кармин, бидејќи тогаш можете да оставите впечаток на заводничка. Наместо тоа изберете природен изглед. Црвениот кармин се носи доколку со него се чувствувате удобно и ако тој ви прилега.

9=12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

8. Осветлете го вашето лице со бојата која најмногу ви одговара

Црната е најдобра боја за „зимските“ типови (светол тен и темна коса). Додека кај луѓето со „потопол“ тон на кожата (есен или пролет – тие обично имаат кафеава, црвеникава или мед боја на коса и пеги) црната облека ќе го нагласи бледото лице и ќе направи да изгледате уморно. За да го избегнете тоа, би требало да ја носите бојата која најмногу ви одговара поблиску до лицето, на пример посветла блуза, шал, ланче или брош.

10-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

9. Не плашете се да ја комбинирате црната со останатите бои

Заборавете на правилото кое вели дека црната одговара само со црната, белата и црвената боја. Сите останати бои одговараат со неа – виолетова, сива, сина, зелена… секоја боја од спектарот.

11-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

10. Разголете го грбот

Ова изгледа неверојатно, убаво, женствено и не постои подобар начин да го покажете вашиот грб на светот.

12-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

11. Изборот на правилен накит или модни додатоци

Каиши и чанти изработени од квалитетна кожа ќе ги нагласат грациозноста и длабочината на црната боја. Металните нитни, накитот од скапоцени камења, односно златните и жолти метални додатоци, многу добро ќе се истакнат на црната боја.

13-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

12. Чипка

Црната чипка има исклучителна моќ да влијае на нашата фантазија. Таа ќе ви помогне да создадете нежен, готички изглед, а нема да изгледате слатко, туку многу женствено. Црната чипка изгледа одлично доколку ја споите со квалитетна кожа.

14-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_

Или едноставно носете ја црната боја како Италијанките. Без напор, а прекрасно!

Во овој случај, никако не можете да погрешите!
15-12-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-sekogash-da-izgledate-aristokratski-i-otmeno-vo-kombinaciite-so-crna-boja-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар