12 работи кои вашите очи ви ги кажуваат за здравјето - Part 2

12 работи кои вашите очи ви ги кажуваат за здравјето

7. Жолтеникава дамка во близина на ирисот

(7) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Ова се нарекува пингвекула и е знак за стареење на конјуктивата. Најчесто се сретнува кај постарите луѓе. Развојот на оваа појава е поттикнат од УВ зраците, па најчесто се појавува кај луѓе кои многу често се изложени на сонце. Овој „израсток“ е едноставен и не го попречува видот.

8. Ненадејни солзи

(8) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Иако звучи чудно, солзењето на очите може да биде знак за суви очи, бидејќи на тој начин окото се обидува да ја врати својата влажност. Оваа појава е честа кај луѓето кои поминуваат многу време пред компјутер или телевизор.

9. Мала темна дамка на позадина од треперливи бели линии

(9) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Овој симптом може да укажува на слаба церебрална циркулација. Дамките кои се појавуваат и исчезнуваат во видното поле укажуваат на уништување на стаклестото тело. Најчеста причина за ова е стареењето на телото. Но, луѓето со метаболички нарушувања – дијабетес, васкуларни нарушувања и фановите на диети се изложени на поголем ризик.

10. Исчезнување на слика од видното поле

(10) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Ако понекогаш забележувате дека некоја слика исчезнува од одредени делови на вашето видно поле, ова може да биде знак на очна мигрена. Може да биде придружена со главоболки, но е безопасна. Нема точно објаснување зошто ова се појавува, па затоа и нема методи на лекување.

11. Замаглен вид

(11) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Миопијата не е единствената причина за замаглен вид, тоа може да биде и дијабетесот. Ако покрај замаглениот вид забележувате и блескот и ореоли околу извори на светлина, ова може да укажува на катаракта – делумно или целосно замаглување на леќата на окото.

12. Жолти белки

(12) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Најчесто причината за ова е намалена функција на црниот дроб и на жолчните канали. Жолтеникавоста може да биде и симптом за хепатит.

Погледнете ги и здравствените факти кои произлегуваат од бојата на очите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар