12 физички симптоми со кои телото ни укажува на внатрешни емоционални проблеми
7. Раце
Рацете ги болат оние кои веќе подолго време имаат голема потреба за дружење. На оние кои им недостига опуштање и дружење со другите. Ако имате болни раце, тогаш тоа е сигнал дека е време да излезете од вашиот затворен свет.
Излез: Обидете се да создадете нови пријателства. Ручајте со колегата, гледајте некој натпревар, одете на концерт, почувствувајте се како дел од толпата. Храбро влегувајте во разговори со нови луѓе, бидејќи не можете однапред да знаете каде ќе пронајдете вистинско пријателство.
8. Колкови
Оваа болка може да ги мачи луѓето кои се премногу врзани за предвидливоста на животот и удобноста. Патолошкиот страв од промените, мразењето да се промени воспоставениот ред на работите и постојаното спротивставување на новото може да предизвика болка во колковите.
Излез: Не спротивставувајте се на природниот тек на животот. Животот е движечки, променлив, а со самото тоа и занимлив. Прифатете ги промените како возбудлива авантура. И не одложувајте ги важните одлуки за себе.
9. Колена
Болката во колената, најверојатно, е знак на големо его. Колената болат кога мислите премногу за себе, а премалку на другите, кога цврсто и бескомпромисно верувате дека светот се врти околу вас.
Излез: Свртете се околу себе – не сте сами на планетата. Бидете внимателни кон другите. Слушајте ги најблиските, помогнете ѝ на вашата мајка, заменете го вашиот колега. Почесто помагајте им на другите. Можете да започнете да се занимавате со волонтерска работа.
10. Потколеници
Болката во оваа област е знак за силен емоционален стрес. Чувство на посесивност, љубовно преживување, мачнина, заслепена љубомора…
Излез: Морате да научите да му верувате на вашиот партнер. Опуштете се и престанете да ја контролирате саканата личност. А, можеби е и време да ги напуштите старите, надминати врзувања.
11. Глуждови
Болката во зглобовите значи дека често заборавате на себе. Одбивате да прифатите задоволство за себе. Можеби работата го окупира целото ваше време или премногу несериозно се однесувате кон вашите желби, постојано ги оттргнувате или ги ставате во втор план.
Излез: Време е да започнете да внимавате на себе. Купете си сѐ што ќе посакате, обезбедете си добар сон, вкусете го тој сладок десерт… Заборавете некое време на вашата кариера и размислувајте, на пример, за романтична љубовна врска. Или планирајте го патувањето од вашите соништа.
12. Стапала
Причината за болка во стапалата најверојатно е големата апатија. Како вашето тело да одбива да оди понатаму, како да се плашите од животот и не гледате никаква смисла да продолжите. Кога потсвесно мислите дека сѐ е лошо и дека не сакате да живеете, тогаш започнуваат да ве болат стапалата.
Излез: Научете да обрнувате внимание на малите животни радости. На убавината на опкружувањето и луѓето. Уживајте во вкусовите, мирисите, ветерот и сонцето. Набавете крзнено милениче или пронајдете интересно хоби. Исполнете го вашиот живот. Избегнувајте ги тажните спомени и почесто смејте се. Секојдневно барајте радост во животот.
Заклучок:
Заклучокот е едноставен: Сакајте се и простете си. Однесувајте се внимателно кон другите и обидете се да не ја задржувате лутината на луѓето заради направената неправда. Комуницирајте, смејте се и бидете здрави!
Дознајте и кои се 7-те силни емоции кои го „јадат“ телото однатре!