11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души

11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души

Никогаш не е лесно да се прекине љубовната врска, особено ако не сте сигурни дека тоа е вистинската одлука. Понекогаш, по раскинувањето се прашуваме дали поранешниот партнер бил всушност вистинскиот и дали сме ја пропуштиле можноста да бидеме со нашата сродна душа. Иако поранешните партнери се поранешни со причина, понекогаш постои веројатност дека сте прекинале со вистинската личност за вас. Доколку се соочувате со вакви сомнежи овие 11 знаци ќе ви покажат дека вашиот поранешен партнер е вашата сродна душа…

11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души

1. Се разбирате меѓусебно на сите можни нивоа

Понекогаш остварувате таква поврзаност со некого што не ви се верува дека тоа е возможно бидејќи никогаш порано не сте доживеале нешто такво. Меѓусебно се разбирате на начин кој никој друг не би можел да го разбере. Сте почувствувале поврзаност на секое можно ниво, емоционално и интелектуално. Дали сте биле толку многу поврзани со вашиот партнер? Дали ви е тешко повторно да ја најдете таа поврзаност со некого? Ако одговорот и на двете прашања е „Да“, веројатноста е дека сте прекинале врска со вашата сродна душа.

2. Не можете ни да си замислите да споделите толку многу работи со некој друг

На вашиот партнер сте му кажувале буквално сѐ. Сега кога не сте повеќе заедно, одеднаш сфаќате колку многу информации сте биле подготвени да споделите со поранешниот партнер и не можете ни да си замислите да станете толку блиски со некој друг. Ова е голем знак дека вашиот поранешен партнер е вистинската личност за вас.

3. Сте раскинале поради некоја ситница и не можете да престанете да размислувате колку глупаво било тоа

Дали вашата љубовна врска била прекрасна поголемиот дел од времето? И на крајот нешто мало предизвикало импулсивна реакција и сега не сте веќе заедно. Размислете за причината поради која сте раскинале и ако се работи за нешто безначајно, обидете се да сфатите дали сега се каете. Доколку се чувствувате така, можеби вреди да ѝ дадете уште една шанса на врската. Секако дека ќе треба да работите на проблемот за да ја спречите неговата повторна појава. Но, ако проблемот бил голем и постојано се провлекувал низ врската, треба да размислите два пати пред повторно да бидете со истата личност, бидејќи шансите се дека проблемот нема да исчезне.

4. Сметате дека не сте ѝ дале доволно време на врската

Дали со поранешниот партнер се обидовте да ги решите проблемите или се откажавте без борба? Сега постојано посакувате да вложевте повеќе труд и да оставевте повеќе простор пред конечно да кренете раце. Понекогаш луѓето се откажуваат премногу лесно и го одбираат полесниот пат, а тоа е разделувањето. Доколку размислувате повторно да му се вратите на поранешниот партнер, треба и двајцата добро да разговарате пред да ја донесете конечната одлука да започнете повторно.

11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души

5. Долго време не сте ги имале истите чувства за некој друг

Кога бевте со вашиот поранешен партнер имавте некое необјасниво чувство цело време поради кое се чувствувате неверојатно. Сега кога не сте повеќе заедно, не можете да го разбудите истото чувство со кого и да се обидете да започнете врска. Но, пред да му дадете на ова значење, треба да бидете сигурни дека сте си дале доволно време за да го преболите поранешниот партнер. Доколку не можете да се замислите со никој друг, можеби ви е потребно да бидете повеќе време сами и да си посветите внимание на себе. Ако сметате дека поминало доволно време, тогаш размислете дали чувствата што сте ги имале за вашиот поранешен се намалиле или не. Дури тогаш можете да ја земете предвид идејата да ѝ се вратите на таа личност. Понекогаш потребно е да паузирате еден од друг и да поминете некое време одвоени за да сфатите дека треба да бидете заедно.

6. Чувствувате дека сте станале подобра личност поради поранешниот партнер

Бидете најискрени што можете: Дали верувате дека личноста со која сте биле во врска ви помогнала да станете подобри? Доколку поранешниот партнер имал многу позитивно влијание на вас, извлекувајќи го најдоброто од вас, веројатноста е дека треба да останете со таа личност.

7. Вашите пријатели и семејство се согласуваат

Секогаш кога ќе им кажете на вашите пријатели и семејство дека вашиот поранешен партнер можеби бил вистинскиот тие се согласуваат и велат дека тој или таа биле совршени за вас. Земете го предвид нивното мислење кога ќе одлучувате дали вашиот поранешен партнер е вашата сродна душа. Токму вашите најблиски се луѓето кои можат да ви го дадат најобјективното мислење за вашата поранешна врска и треба да ги послушате.

8. Редовно го браните поранешниот партнер кога ќе слушнете лош збор за него

Слушате како некој го споменува вашиот поранешен партнер во негативен контекст и вие веднаш застанувате во негова одбрана. Ова е инстинктивна реакција и е добар знак дека се работи за вашата сродна душа. Дали и вие се навредувате кога некој зборува лошо за поранешниот партнер? Тоа е показател дека тој или таа се прекрасни личности и совршено во одговараат.

11 знаци кои покажуваат дека вие и вашиот поранешен партнер сте сродни души

9. И двајцата сте се поддржувале безусловно

Еден од најголемите фактори кој стои зад идејата за сродните души е дали помеѓу двете личности постои огромна поддршка. Доколку вие двајцата сте биле совршен тим и заедно сте биле непобедливи, дефинитивно треба да размислите дали вреди да се обидете повторно.

10. Сфативте дека вие сте погрешиле

Не сте заедно веќе некое време и вие постојано размислувате на тоа дека вие сте погрешиле во врската. Дали сѐ било прекрасно, но знаете дека вие сте ги расипале работите? Бидете искрени со себе. Доколку тоа е случајот, можеби треба да ѝ признаете на вашата поранешна љубов дека не сте биле во право. Тргнете ги на страна вашата гордост и его и признајте ја грешката. Можеби ќе можете да ја вратите таа личност, доколку не е предоцна.

11. Сте се чувствувале сигурни во врската

Уште еден показател дека сте ја сретнале вашата сродна душа е фактот дали покрај поранешниот партнер сте се чувствувале сигурни. Тоа може да значи дека сте биле подготвени да се штитите еден со друг во секакви можни околности. Дали вашиот партнер ни на сон не би помислил да ги истакне вашите недостатоци и да направи да се чувствувате лошо поради нив? Во тој случај, можеби се работи за личност од кај не требало да се откажете.

По долго размислување, овие неколку знаци можеби ќе ви помогнат да разберете дали вие и вашиот партнер сте сродни души. Ако навистина верувате во тоа, послушајте ја вашата интуиција, бидете искрени и отворено искажете ги вашите чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар