11 знаци дека вашата љубовна врска нема да трае долго

11 знаци дека вашата љубовна врска нема да трае долго

Не е лесно да се признае дека на љубовната врска ѝ доаѓа крајот. На почеток мислите дека можете да ги средите работите, но со текот на времето гледате дека ништо не се менува и истите проблеми остануваат помеѓу вас и вашиот партнер. Ги игнорирате знаците кои покажуваат дека врската нема да трае, со надеж дека нешто ќе се смени. Но, не гледате никакво подобрување, па почнувате да размислувате дека можеби најдобро би било да се разделите. Уште потешко е ако навистина се обидувате да ги поправите работите, но повторно нешто не е како што треба.

11 знаци дека вашата љубовна врска нема да трае долго

Можеби не ви изгледа логично да прекинете долга врска, но уште помалку смисла има да го игнорирате чувството кое ви кажува дека треба да продолжите понатаму. Доколку сепак не сте сигурни дали на вашата врска ѝ се ближи крајот, овие 11 знаци ќе ви докажат дека таа нема да трае и дека време е да раскинете.

1. Не се карате, но и не комуницирате

Немојте да мислите дека карањето со партнерот е нешто лошо. Тоа значи дека не се плашите да бидете искрени со нив и дека се обидувате да ги поправите работите. Но, ако се карате само колку да се расправате, тоа е сосема различна приказна. Доколку сте се карале толку многу, што сте преминале во фаза кога не зборувате повеќе за значајни работи, можеби ќе ви делува како олеснување. Но, тоа исто така може да е знак дека и двајцата сте се откажале од можноста да се разберете. По ова, следниот чекор честопати е раскинување.

2. Немате сексуални односи

Интимноста со партнерот е одличен начин да се поврзете со него. И кога тоа не се случува повеќе, ќе почнете да се чувствувате оддалечени и несакани. Сексот во долгите врески можеби не е толку лесен и возбудлив каков што бил на почетокот, но сепак е од големо значење за врската. Доколку не сте научиле како да го одржувате вашиот сексуален живот, тој ќе згасне и ќе отворите рана во врската која можно е да биде излечена со афера. Ако не сте имале секс со партнерот подолго време, почнете да разговарате отворено за работите што ве мачат.

3. Вие сте родители, но не и партнери

Ова важи за двојките кои веќе оформиле семејство и имаат деца. Во таков случај многу често партнерите се фокусираат толку многу на децата, што ја занемаруваат љубовната врска. Затоа многу парови се разведуваат кога децата ќе пораснат. Љубовната врска помеѓу жената и мажот е од витално значење и е основата врз која е создадено новото семејство. Не дозволувајте тоа што ќе се внесете во улогата на родител да направи да заборавите што значи да се биде партнер. Важно е да се грижите за вашиот партнер, за да можете да изградите добар однос со вашите деца.

4. Молчите кога некој ќе згреши нешто наместо да разговарате за тоа

Целта на овој метод е оној што згрешил да почувствува тензија и неизвесност што ќе се случи, додека не се сети самиот што направил и колку многу погрешил. Понекогаш двојките ја користат оваа тактика за да воспостават контрола врз ситуацијата и да добијат повеќе моќ, но ова не е воопшто здраво. Единствениот начин на кој ќе имате среќна врска е ако заборавите на вашето его и отворено разговарате.

11 знаци дека вашата љубовна врска нема да трае долго

5. Постојано се поправате еден со друг

Не постои добра причина зошто партнерите би требало да се поправаат еден со друг постојано. Тоа може да направи партнерот да се почувствува омаловажено, па дури и глупаво ако се случува цело време. Секогаш треба да се држите до главната поента, а не да замерувате за малите безначајни работи.

6. Не сте искрени

Заедно со довербата, искреноста е од големо значење за траењето на една врска. Ако го избришете овој сегмент од врската, вашиот партнер може да се почувствува како да не ве познава или како да не може да ви верува. Тој никогаш нема да биде сигурен дали ја кажувате целата вистина.

7. Вашите конфликти содржат критики и замерки

Вашата врска нема да трае долго доколку постојано се критикувате. Поради тоа вие или партнерот ќе се почувствувате инфериорни. Речиниците како: „Зошто јас морам да правам сѐ? Никогаш не ми помагаш“ е еден вид замерка која може да ја уништи врската.

8. Не постои доверба помеѓу вас

Факт е дека доколку не постои доверба во врската, таа нема да трае, особено ако вашиот партнер не сака да вложи труд за да се среди проблемот. Најпрво, треба да станете свесни за природата и јачината на болката што ја чувствувате. Ако вашата болка е потценета, омаловажена или игнорирана од самите вас или од другите, тогаш раната ќе остане и довербата никогаш нема да биде вратена. За да не дојде до тоа, соочете со вашата болка, анализирајте ја и разговарајте со партнерот.

11 знаци дека вашата љубовна врска нема да трае долго

9. Не сочувствувате еден со друг

Врската нема да трае доколку не покажувате емпатија кон партнерот. На тој начин, вашиот партнер ќе се почувствува исклучено и обезвреднето. Емпатијата е моќно средство кое ни помага да ги разбереме и замислиме туѓите чувства. Емпатијата создава посебно чувство на заедништво и поврзаност, формирано од моќната и заемна идентификација со вашиот сакан.

10. Не разговарате за иднината

Освен ако не се работи за кратка љубовна врска, важно е да разговарате за вашата иднина со партнерот. Доколку вие сакате да се венчате, но вашиот партнер не сака ниту да разговара за тоа, станувза збор за знак на предупредување дека партнерот не знае како да комуницира. Или едноставно не гледа иднина за врската. Ако забележите дека некоја тема е проблематична, не ја форсирајте. Разговорот нека биде лесен и ведар и слушајте наместо да осудувате кога ќе зборува вашиот партнер.

11. Вашите емоционални потреби не се исполнети

Иако ниту една врска не е совршена, важно е да знаете што ви е потребно вам и на вашиот партнер за да се чувствувате сакани. И доколку вашиот партнер не сака да ги исполни тие потреби, тоа значи дека вашата врска оди кон пропаст. Емоционалниот интензитет се зголемува кога ќе почувствувате дека ви треба нешто. Се работи за истиот емоционален процес како што се биолошките потреби. Кога одредена емоција ќе стане посилна, вашиот мозок почнува да ги меша желбите со биолошките потреби. А сите добро знаеме дека за човечкиот опстанок потребно е да бидат задоволени биолошките потреби, исто како што за опстанокот на врската потребно е да се задоволат емоционалните потреби.

Доколку забележите некои од овие знаци, не грижете се. Постои начин да ги средите работите. Разговарајте со вашиот партнер, кажете му зошто не сте среќни и одредете дали овие проблеми може да се поправат. Сѐ додека и двајцата сте подготвени да комуницирате и слушате, ништо не е невозможно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар