11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

Лесно е да си поставите себеси цели, но тешко е да се држите до нив. Не грижете се, не сте сами. Постојат некои едноставни, интересни и корисни трикови кои ќе ви помогнат да останете упорни и со тек на време да ги остварите вашите цели.

11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

1. Одберете реалистични цели

Нормално е да ви се случи понекогаш да одберете цели кои претставуваат преголем залак за вас. Можеби ќе си поставите цел да прочитате 20 книги во месецот иако многу добро знаете дека тоа воопшто не е практично. Потоа, ќе успеете да прочитате само една или две до крајот на месецот и ќе се чувствувате фрустрирани и поразени. Проблемот е во тоа што не сте ја поставиле целта на реалистичен начин. Мора да внимавате да не се прецените и да не очекувате премногу од себеси, туку да останете фокусирани и да направите добар план.

2. Одберете цели кои се вклопуваат во вашиот живот

Вашите цели мора да се усогласени со вашето животно темпо. На пример, ако вашата цел е да патувате низ светот оваа година, но имате работа со полно работно време и деца, таа може да не се вклопува во вашиот моментален живот. Важно е да знаете точно колку време имате во денот. Ако вашиот распоред едноставно не ви дозволува да посветите време на вашите цели, многу тешко дека ќе ги остварите.

3. Ставете ги целите на хартија

Имате цели? Напишете ги. Тоа ќе ви помогне да си разјасните точно што сакате да постигнете, но и да останете мотивирани. Ако ги запишете вашите цели и ги споделите со некој пријател, автоматски ги зголемувате шансите за нивно остварување.

4. Визуализирајте го остварувањето на вашите цели

Откако ќе ги запишете целите, обидете се да ги замислите во вашата глава и размислете како би можеле да ги остварите. Исто така, обидете се да си замислете колку исполнето би се чувствувале откако ќе успеете да ги остварите.

5. Одвојте барем 15 минути во денот за вашите цели

Препорачливо е да одвоите барем 15 минути во денот за вашите цели, ако сакате да успеете. Пробувајте различни начини за да ги остварите. На пример, ако вашата цел е да станете попозитивни, еден ден прочитајте некоја инспиративна статија, а другиот поминете го со вашиот најпозитивен пријател.

6. Повторувајте го методот додека не ви стане навика

Обидете се да го задржите овој метод од 15 минути, бидејќи повторувањето ги претвора нештата во навика. Потребни се 15 до 254 дена за нешто да стане навика. Тоа е многу голема разлика и зависи од личноста и од целта, така што продолжете со повторување додека не успеете.

11 трикови кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели

7. Дружете се со луѓе кои успеале

Бидете опкружени со луѓе кои се успешни за да успеете да се држите до вашите цели. Најкорисно би било ако овие луѓе се стремат кон истите цели или веќе ги имаат постигнато оние кои вие се стремите да ги постигнете.

8. Побарајте поддршка

Многу полесно ќе успеете да се држите до вашите цели доколку луѓето околу вас постојано ви даваат поддршка. Тоа можат да бидат вашите пријатели, семејство, партнер, експерт па дури и група за поддршка.

9. Медитирајте

Медитацијата ќе ви помогне да надминете одредено однесување, како на пример пушењето цигари, а ќе ви помогне и да разберете зошто ова однесување постои кај вас и што го поттикнува за да можете да го промените.

10. Кажете му ги на светот вашите цели

Нормално е дека не треба секоја ситница од вашиот приватен живот да ја споделувате на Фејсбук, но споделувањето на некои ваши успеси и цели на социјалните мрежи може да биде корисно. Ќе добиете многу поголема мотивација кога луѓето кои не сте ги виделе од средно ќе дознаат за она што сакате да го постигнете.

11. Останете фокусирани на причината која стои зад вашите цели

Кога сте одлучиле што сакате да постигнете, сигурно сте имале добра причина зошто го посакувате токму тоа. Постојано повторувајте си ја оваа причина во вашата глава бидејќи тоа ви дава сила да продолжите напред.

Како што можете да видите, држењето до вашите цели не мора да биде макотрпен процес. Овие неколку совети ќе ви помогнат во тоа и нема сомнеж дека на крајот ќе успеете да остварите сѐ што сте си замислиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар