11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов

11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов

Силните жени се разликуваат од останатите. Ним не им е потребна љубовта за да го направат комплетен својот живот. Тие умеат самите да се борат за она што сметаат дека го заслужуваат, а притоа се доволно храбри за да ги отстранат пречките од нивниот живот. Силните жени љубат на еден поинаков начин, па затоа ним им е потребно повеќе време за да ја пронајдат љубовта, а во продолжение погледнете ги овие 11 причини кои покажуваат зошто е тоа така.

11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов

1. Тие постојано се усовршуваат. И не се извинуваат поради тоа. Тие се горди на себе затоа што растат со секој нов ден и сѐ поблиску доаѓаат до жената која отсекогаш сакале да бидат.

2. Тие имаат живот и надвор од љубовта. Силните жени се преполни со потенцијал и страст. Бидејќи тие имаат многу хобија, кариера која им ветува и на која може да бидат фокусирани, нивното внимание лесно се одвлекува од состанувањето со некое момче.

3. Тие не го трошат залудно своето време прашувајќи се што би можеле да направат поинаку. Кога некој ќе си замине од нивниот живот, тие не го трошат своето време постојано прашувајќи се што би можеле да направат поразлично во одредени ситуации. Тие им дозволуваат на личностите да заминат, па продолжуваат напред. Силните девојки никогаш не гледаат наназад, затоа што не веруваат во грешки.

4. Тие избегнуваат токсични личности. Силните девојки знаат како треба да изгледа вистинската љубов. Тоа не се навредите и сомнежите, туку убавината што очите може да ја видат, а душата да ја почувствува.

5. Тие се брутално искрени. Ако некој ги повреди, тие тоа и ќе го кажат, наместо да се преправаат дека сѐ е во ред, а потајно да плачат во својата соба. Тие ги кажуваат работите онакви какви што се, а не е нивен проблем што некои луѓе не можат да се справат со вистината.

11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов

6. Тие знаат што заслужуваат. Тие одбиваат да се прилагодуваат на ситуациите онакви какви што се, одбиваат да играат игри и да даваат мешани сигнали. Силните девојки не ги намалуваат своите стандарди ниту пак го предаваат своето достоинство, само со цел да пронајдат момче.

7. Тие се чувствуваат удобно во своето тело. Ним не им треба некој непознат за да им каже дека се убави. Тие ја гледаат убавината секогаш кога ќе се погледнат во огледалото. Ја пронаоѓаат самопочитта во себе, а не во усните на некој маж.

8. Тие се застрашувачки. Тие може да бидат иницијатори за првиот бакнеж или првиот секс и секогаш го кажуваат она што го мислат. Тие може дури и да заработуваат повеќе пари од вас. Силните жени се моќни жени, а некои моќта ја сметаат за застрашувачка.

9. Тие умеат добро да ги читаат луѓето. Силните жени знаат кога се подготвува неволја. Тие имаат силна интуиција која им помага да заземаат различни насоки. Ако имаат лошо претчувство за некое момче, тогаш нема да останат некаде во близина за да им се докаже тоа.

10. Тие очекуваат да бидат третирани еднакво. Тие не се Дизни принцези, не сакаат да бидат сожалувани или пак возвишувани. Овие девојки сакаат да бидат еднакви, емоционално, физички и духовно.

11. Тие имаат многу љубов во својот живот. Пријатели, членови на семејството, домашни миленици, колеги, соработници… Тие постојано се опкружени со љубов и токму затоа пронаоѓањето момче е далеку од нивните приоритети.

11 причини зошто на силните жени им е потребно повеќе време за да пронајдат љубов


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар