11 лаги во кои почнуваме да веруваме кога ќе се смириме со нашите бивши
6. Немате време за да одите на љубовни состаноци
Запознавањето нова личност е прва и основна можност за да си ги проширите хоризонтите. Околу 17% од браковите во САД во текот на минатата година се случиле како резултат на Интернет сајтовите за барање партнер.
7. Сметате дека ќе бидете прво пријатели, па ќе видите како ќе оди понатаму
По правило, пријателството помеѓу поранешни партнери не трае долго. Таквите односи не се градат врз основа на искрени чувства и доверба. Освен тоа, според некои истражувања, желбата да останете пријатели со бившите може да е знак за психичко нарушување.
8. Кога веќе сте испиле по неколку пијалаци и сте се бакнале, зошто да не си одите дома заедно?
43% од жените и 47% од мажите спијат со нивните поранешни партнери. Ако и вам ви се случи истото, имајте на ум дека вашиот случај не е единствен и тоа не е причина за да почнете одново. Само не дозволувајте да ви прејде тоа во навика, бидејќи редовниот секс со поранешен партнер претставува огромна пречка на вашиот пат кон светла иднина.
9. Никој не е совршен
Никој не е совршен. Дали воопшто би сакале да најдете совршенство? Сѐ што ви треба е да се чувствувате убаво кога сте заедно и да се надополнувате меѓусебно. Не сте раскинале затоа што едниот од вас бил далеку од совршен. Сте раскинале затоа што не сте си одговарале доволно. Прифатете го ова и продолжете понатаму.
10. Вашиот поранешен партнер не сака да ве остави на мира
По раскинувањето, еден од партнерите може одеднаш да почне да се однесува како што не се однесувал претходно. Повици, пораки, коментари на социјалните мрежи, неочекувани посети… „Е, ова е љубов! Не може да ме заборави“, ќе си помислите. Сепак, најчесто на овој начин вашиот поранешен партнер покажува потреба да ве држи под контрола.
11. Мислите дека можеби сте претерале
Можеби навистина сте претерале. Ако сте раскинале поради роднини, работа или други надворешни причини, вториот обид можеби ќе биде успешен. Сепак, за жал, најчесто причината за раскинување е посериозна, како што е изневерувањето на пример. Тоа е вистинска причина за да се прекине врската.
Имајте ги предвид овие работи пред да решите дека сакате да се смирите со вашата поранешна љубов. Не избрзувајте и размислете дали навистина сакате да се вратите таму од каде што сте почнале. Сигурни сме дека не сакате повторно да гледате приказна која знаете како ќе заврши.
Доколку не сте сигурни дали да се смирите со бившиот, овие 6 прашања ќе ви помогнат да одлучите дали да одите по тој пат.