10 знаци дека вашиот партнер опасно манипулира со вас - Part 2

10 знаци дека вашиот партнер опасно манипулира со вас

6. „Ќе умрам без тебе!“

6-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Оваа манипулативна техника обично се нарекува емотивно уценување и најверојатно е најзлобната и најсебичната од сите. Манипулаторот игра на картата на вашите страв и вина, префрлајќи ја одговорноста за неговиот живот и здравје на вас. Со други зборови: „Ќе се убијам ако ме оставиш“. Но, тоа е само уценување и поголеми се шансите да видите снег во јули.

За да ја избегнете оваа манипулација, размислувајте на следниов начин:

  • Запомнете дека тоа е само уценување кое партнерот го користи за да ја осигури својата благосостојба
  • Потсетете го партнерот дека не сте одговорни за неговите одлуки

7. Зарем не го кажа тоа?!

7-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Уште една злобна техника која манипулаторите ја користат е преиспитување и сомнежи во сопственото сеќавање и разум. Заснована е на искривување на минатото и мешање на фактите за манипулаторот да се постави во најдобрата можна положба и да ве збуни.

„Не, сигурно не сум те нарекол така“, „Што? Би се сетил ако си ме прашала за помош. Нешто не е во ред со тебе денес.“ На овој начин изгледа тоа во пракса. Некои манипулатори овој трик го користат толку вешто што започнувате да го преиспитувате своето помнење. Не е лесно да наседнете на оваа игра. Земете ги предвид сите работи:

  • Потпрете се на вашето помнење и бидете сигурни дека сте ги запомниле работите онака како што биле
  • Инсистирајте на тоа дека се сеќавате многу добро што сте изјавиле, но не впуштајте се во караница

8. Тие се како расипана плоча!

Манипулаторите не сакаат да разговараат за вообичаените проблеми. Тие лукаво ќе ве наведат дека караницата завршила порано. Затоа ги започнувате старите караници одново и одново. Всушност е полесно да ги натерате ѕидовите да проговорат отколку манипулаторот да го промени својот став. Ова се два совети кои ќе ви помогнат да не наседнувате на нивната игра:

  • Секогаш имајте ја на ум темата на расправијата
  • Запомнете што го предизвикало проблемот и зошто сте го започнале разговорот

9. Користат трикови!

9-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Манипулаторите го користат овој едноставен трик за да го добијат од вас она што го сакаат. Прво го преувеличуваат барањето во огромна мера, а потоа изнесуваат на изглед помало, вистинско барање. „Добро, ако не можеме да јадеме срце од син кит за вечера, зошто да не излеземе и да не вечераме во оној италијански ресторан?“ Најверојатно ќе го изберете она барање кое е полесно да го остварите. Сепак, трикот е во тоа што не мора да избирате. Лесно ќе ја избегнете оваа манипулација ако ги запомнете овие две работи:

  • Всушност не морате да помогнете
  • Вашите одлуки би требало да се засновани на рационална основа, а не врз наредба

10. Се прават луди!

10-10-izdajnichki-znaci-deka-vashiot-partner-opasno-manipulira-so-vas-www.kafepauza.mk_

Преправањето дека не разбирате без сомнеж е детски трик, но тоа не е проблем за манипулаторите. Тие користат сѐ за да се задржат себе во поволна положба. Не постојат многу начини да го избегнете ова однесување, но можеби вистинска одлука е да го однесете партнерот во маркет и да му ја купите играчката која ја сака. Но чекајте, возрасни сме зар не? Затоа е подобро:

  • Да се обидете на поразличен пристап кога го поставите истото прашање
  • Да се однесувате на истиот начин – дали партнерот кој одбива да ви помогне заслужува подобар третман?

Манипулацијата е карактерна особина, па запомнете дека манипулаторот не можете да го направите подобра личност. Тие ќе се држат до своето однесување и по цена на раскинување со вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар