10 сигурни знаци дека му се допаѓате на затворениот интроверт
6. Се грижи за вас
Интровертите ги негуваат нивните вредности кога се работи за врските. Тие им покажуваат голема грижа и разбирање на луѓето кои ги сметаат за блиски. Ако забележите дека интровертот што ви се допаѓа ви обрнува особено внимание, тоа значи дека сте влегле во неговиот потесен круг на луѓе.
7. Не се двоуми дали да ви направи услуга
Интровертите длабоко во себе сакаат да им помагаат на другите луѓе, но никогаш не избрзуваат со нудењето на нивната помош. Ако забележите дека некој интроверт се обидува да ви помогне и без да побарате помош, дефинитивно му се допаѓате.
8. Се обидува да го одржи контактот со вас
Интровертите прават разлика помеѓу нивните познајници и блиски пријатели. Доколку сте станале дел од нивниот секојдневен живот, треба да знаете дека многу им значите.
9. Ви ги открива тајните
Сите имаат тајни што ги чуваат скриени длабоко во себе. Интровертите многу внимателно ги чуваат нивните. Ако ви дадат шанса да ги дознаете нивните тајни или самоволно ви откријат што им се случило во минатото, тоа е сигурен знак дека ве сметаат за добра личност на која можат да ѝ се доверат.
10. Ви дава совети
Интровертите обично не ги нудат нивните совети и препораки. Тие претпочитаат да си го задржат своето мислење за себе. Но, доколку интровертна личност ви даде искрен совет, тоа значи дека таа навистина се грижи за вас и вашата среќа. Ова е само уште еден сигурен знак дека сте успеале да го освоите срцето на интровертите.
Погледнете ги овие 17 ситуации во кои ќе се пронајде секој социјален интроверт.