10 сигурни знаци дека доживувате паничен напад
Паничните напади се појавуваат без предупредување и предизвикуваат силно чувство на закана. Тие се многу повеќе од тоа да се чувствувате нервозно, анксиозно или да сте под стрес поради нешто. Нападот е интензивен и се појавува без очигледна причина, иако е поврзан со чувства на физичка затвореност или агорафобија. Ако вашите панични напади се повторуваат, можете да развиете панично нарушување, кое почесто се појавува кај жените отколку кај мажите. Погледнете ги 10-те сигурни знаци кои ќе ви помогнат да го препознаете паничниот напад.
1. Се чувствувате како да полудувате
Поради ненадејното и интензивното појавување на чувства, покрај физичките симптоми кои може да се појават во исто време, не е необично да ви се појави и страв дека полудувате. Вашите тело и ум ја губат поврзаноста со она што се случува, а тоа може навистина да ве збуни.
„Не знаев што се случува. Моето тело не знаеше што да прави. Половина мозок ми велеше да трчам, а другата половина ми велеше да останам во место. Заглавен бев“, изјавил еден пациент.
2. Вашето срце чука побрзо
Кога имате паничен напад, вашето тело реагира како да се наоѓате во вистинска физичка опасност. Ова ескалира до состојба на голема неудобност, и тоа за многу кратко време. Нервните сигнали ја активираат амигдалата, центарот на мозокот за „борба или бегање“. Со ова се појавуваат симптоми како брзо чукање на срцето кои може да ве натераат да мислите дека доживувате инфаркт.
3. Се плашите за вашиот живот
Стравот кој минува низ вас може да направи да се чувствувате како да умирате, или како да губите секаква контрола. Но она што навистина се случува е адреналинот кој го „преплавува“ вашето тело поради перцепцијата за опасност. Вашето тело се подготвува да се одбрани, без разлика дали тоа значи удирање или бегање што е можно побрзо. Ако можете да запомните дека ова е едноставно вашиот природен психолошки одговор и ништо повеќе, можете да го намалите стравот.
4. Можете да почувствувате отежнато дишење
Ако ви е тешко да дишете или мислите дека не можете да земете доволно воздух, имајте на ум дека ова е еден навистина чест симптом на паничен напад. Ова се случува кога зголемената анксиозност ве тера да дишете пребрзо. Некои техники за дишење и смирување може да ви помогнат овие чувства на анксиозност да не преминат во паничен напад.
5. Ќе се чувствувате парализирано
Можно е стравот да стане толку голем што ќе ве направи целосно неподвижни. Американското здружение на психолози ја опишува оваа појава како „ужас кој речиси парализира“.
Продолжува на следната страница…