10 работи за кои новите мајки не треба да се грижат
Во животот постојат важни и неважни работи кои би можеле да нè окупираат. Кога станува збор за новите мајки, им нудиме неколку совети за како полесно да се справат со она што општеството го очекува од нив, а за што тие воопшто не треба да се грижат. Наместо тоа, уживајте во мајчинството!
1. Плачење
Иако бебешкото плачење може да биде причина за грижа, морате да сфатите дека тоа е нормална и честа појава кај новороденчињата и малите деца. Децата помлади од една година плачат заради глад, замор, мокри пелени и многу други работи. Плачењето нема да го повреди детето и морате да запомните дека некои деца плачат многу повеќе од други. Ако плачењето се прекине веднаш после подигнување на детето, тука навистина нема место за грижа.
2. Кивање
После доаѓањето дома од болницата, детето започнува да кива. Пред веднаш да заминете на доктор, измерете му ја температурата за секој случај. Всушност, со кивањето новороденчето го чисти својот респираторен систем од честичките кои му пречат. Кивањето, исто така, ги отчепува носниците. После хранењето, детето често ќе зема здив и ќе кива. Кивањето може да ве загрижи само доколку бебето има висока температура, натечен и полн нос и потешкотии со дишењето.
3. Доење
Многу нови мајки се грижат околу доењето. Доењето е вештина која со тек на време ја совладуваат и мајката и детето. Мајките особено се грижат дека детето нема да добие доволно храна со редовното доење, па се одлучуваат за дохрана или пречесто доење. Меѓутоа, нема потреба за тоа. Хранете го детето по препорака од докторот и верувајте дека сѐ ќе биде во најдобар ред.
4. Зближување со детето
На почетокот, можете многу почесто да чувствувате замор отколку заљубеност. Некои мајки не можат веднаш да почувствуваат емоционална поврзаност со детето и тоа е сосема нормално. Детето ќе го запознаете и ќе му се приближите низ хранењето, галењето и секојдневната интеракција.
5. Детскиот напредок
Оваа грижа се јавува особено кај мајките кои се опкружени со туѓи деца. Често го споредуваат напредокот на сопственото дете со детето на својата пријателка и тогаш се создаваат многу грижи. Децата се развиваат со различна брзина, не усвојувајќи во исто време одредени особини.
6. Држење до распоредот
Да, добро е да направите распоред за спиење и хранење, бидејќи со тоа ја олеснувате новосоздадената ситуација. Распоредот е добро да го спроведете уште на самиот почеток, бидејќи после неколку недели ќе почувствувате олеснување. Детето ќе спие во одредено време со минимално будење, а вие конечно малку ќе се одморите.
7. Слушање на другите
Слушањето на туѓите совети понекогаш може да биде и негативно. Имајте на ум дека сите сакаат да даваат совети, особено за тоа како и на кој начин го израснале своето дете. Вие сте мајка и самите треба да одлучите што е најдобро за вашето дете.
8. Помош околу детето
Кога бебето ќе пристигне дома, сите сакаат да го држат и да го лулаат. Ако ви пречи тоа, слободно кажете им. Немојте да размислувате дали некој ќе ви замери за тоа. Ќе ја сфатат вашата загриженост и со тек на време ќе научат да ја почитуваат. Од друга страна пак, можеби тоа ќе ви одговара. На тој начин ќе имате малку слободно време за вас и за вашите потреби. Исто така, нема ништо лошо во тоа да прифатите туѓа помош околу перењето алишта, чистењето или миењето на прозорците. Како нова мајка, сигурно добро ќе ви дојде мала помош околу домашните работи.
9. Очекувања
Секоја мајка мисли дека нејзиното дете е најдобро, најпаметно и најубаво. И за вас, тоа е така. На другите мајки најверојатно не им е. Немојте да очекувате дека вашето дете ќе биде совршено во секој поглед, односно дека и другите ќе го забележуваат тоа. Вашето дете нека биде совршено само за вас и ќе му биде доволно да ја почувствува вашата љубов и топлина.
10. Губење на килограмите
Занемарете ги фотографиите од славните жени кои ги изгубиле насобраните килограми во екстремно краток период. Морате да имате на ум дека тие жени имаат цел тим од експерти кои се грижат за нив: нутриционисти, готвачи, тренери, стилисти, фризери. Фокусирајте се на детето. Губењето на килограмите ќе се случи само по себе. Најверојатно нема ниту да забележите дека сте скоро на истата тежина како и пред бременоста. Секако, после некое време, во вашето секојдневие вклучете лесен тренинг кој ќе го забрза вашиот метаболизам. И не заборавајте, не морате да ги изедете сите кашички кои вашето дете не ги изело.
Исто така, кога станувате мајка, станувате и супержена, па погледнете ги секојдневните активности кои мајките ги извршуваат со една рака.