10 проблеми со кои се соочува секоја девојка што обожава комбинезони - Part 2

10 проблеми со кои се соочува секоја девојка што обожава комбинезони

6. Кој градник ќе го облечам под него?

Кога се гаќичките во прашање, одговорот е добро познат – предвид доаѓаат само тангите и гаќичките без рабови, но градникот е многу потешко да се избере. Кога станува збор за модел со гол грб, немојте да ги заборавите лепенките за брадавици за да не изгледате вулгарно, а за поголемиот дел од останатите модели одличен ќе биде градникот без прерамки со длабок израз.

7-10-problemi-so-koi-se-soochuva-sekoja-devojka-koja-obozhava-kombinezoni-www.kafepauza.mk_

7. „Палец на камила“ (Camel toe)

Кој не знае за што зборуваме, супер, но кој често носи комбинезони добро ја познава оваа мака.

8-10-problemi-so-koi-se-soochuva-sekoja-devojka-koja-obozhava-kombinezoni-www.kafepauza.mk_

8. Како ќе го нарачам преку Интернет?

Комбинезонот е еден од најризичните артикли што можете да ги нарачате преку Интернет. И горниот и долниот дел мора истовремено да ви прилегаат совршено, а поголемиот број жени немаат иста величина на горната и долната половина. Ако можете, купете го комбинезонот кој сте го пробале.

9-10-problemi-so-koi-se-soochuva-sekoja-devojka-koja-obozhava-kombinezoni-www.kafepauza.mk_

9. Зошто не можам да го носам со кој било чевли?

Или е доволно долг за високи потпетици, или за патики – нема средина!

10-10-problemi-so-koi-se-soochuva-sekoja-devojka-koja-obozhava-kombinezoni-www.kafepauza.mk_

10. Дали ќе ми се смее момчето ако отидам на љубовен состанок во ова?

Момчињата сѐ уште не успеале да ја пронајдат разликата помеѓу здолниште и фустан, а камоли за комбинезоните и останатите модни комбинации. Освен ако е модно освестен и сака кул парчиња облека, најверојатно нема да разбере зошто сте во „пижами“, но дали тоа некогаш порано ве спречило да облечете нешто?

11-10-problemi-so-koi-se-soochuva-sekoja-devojka-koja-obozhava-kombinezoni-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар