10 причини зошто никогаш не треба да си играте со емпат
Емпатите се навистина надарени во многу аспекти. Тие се експерти за читање говор на тело и мисли. Веднаш знаат што размислувате, а не кажувате дури и да не сте свесни за тоа. Тие ги чувствуваат туѓите емоции како да се нивни, а благодарение на тоа тие се одлични слушатели способни да ги решат сите проблеми. Но, тие имаат уште една ретка особина која ги прави уште помоќни. Тие одлично ја разбираат човечката психологија. Доволно е само еднаш да ве погледнат и да проценат дали сте лажливци, измамници или злобни, за да можат однапред да се заштитат. Ова се 10-те причини зошто никогаш не треба да си играте со емпатите, ако не можете да се справите со нивните моќни карактерни особини…
1. Тие се човечки детектори на лаги
Можеби сте прочитале како да препознаете кога некој ве лаже. Постојат неколку знаци, од тоа дали ве гледаат право во очи и даваат премногу непотребни детали до нивните несвесни движења на телото. Можете да ги научите сите овие тактики. Меѓутоа, на емпатите не им се потребни, бидејќи тие се родени со дарбата веднаш да ги препознаат лагите. Не знаат како се случува тоа, туку го чувствуваат.
2. Можат да почувствуваат љубомора
Емпатите знаат кога сте им љубоморни, дури и ако давате сѐ од себе за да го скриете тоа. Можеби се однесуваат како да не ја забележуваат вашата љубомора, но ја забележуваат. Меѓутоа, тие никогаш не би ви го кажале тоа за да не се почувствувате непријатно. Можеби дури и ќе се однесуваат поскромно во ваша близина за да не ја поттикнуваат вашата љубомора.
3. Не можете да ги измамите
Како што веќе кажавме, емпатите ги забележуваат туѓите емоции, така што нема шанси да ги измамите. Кога ќе почувствуваат дека нешто не е во ред со некого, се оддалечуваат од таа личност за да се заштитат.
4. Можат да почувствуваат омраза
Една од најсилните емоции што емпатите можат да ја почувствуваат е омразата. Оваа емоција пренесува толку силна негативна енергија што емпатите не можат да ја поднесат. Тие се оддалечуваат бидејќи не сакаат да се изложат на влијанието на омразата. Меѓутоа, вашата омраза не ги повредува, бидејќи се чувствуваат пријатно во своја кожа и сакаат да бидат опкружени само со позитивна енергија и добри луѓе.
5. Можат да ги забележат вашите предрасуди
Доколку имате скриени предрасуди за луѓето со поинаква боја на кожата или сексуална ориентација, емпатите можат да го забележат тоа без да бидете свесни. Емпатите не ги сакаат површните луѓе полни со предрасуди и омраза кон поединците што се разликуваат од нив.
6. Знаат кога не ви е добро
Сигурно сте разговарале некогаш со некого и на прашањето „Како си?“ сте одговориле со „Добро сум“ иако длабоко во себе не сте се чувствувале добро. Можеби сте сакале да ги скриете вашите емоции за да не мора да објаснувате зошто сте вознемирени, но емпатите ќе знаат дека сте излажале. Ќе ве прашаат зошто се чувствувате така и ќе ви понудат рамо за плачење трудејќи се да ви помогнат најмногу што можат.
7. Мразат неискрено ласкање
Емпатите можат да почувствуваат кога некој им дава лажни комплименти и внимание за да добие нешто од нив. Дури и да не изреагираат на таквото однесување, емпатите можат да забележат што се обидувате да направите. Освен тоа, тие ги мразат површните муабети и ништо не ги нервира повеќе од ласкавците.
8. Знаат кога некој е на погрешен пат
Ако сте доволно среќни да имате емпат за пријател и тој се обидува да ве предупреди за нешто, послушајте го. Ако емпатите чувствуваат дека нешто не е во ред, тогаш треба да знаете дека имаат право. Нивната интуиција е толку развиена што чувствуваат кога нешто ќе тргне наопаку.
9. Знаат кога глумите нешто што не сте
Емпатите знаат кога некој глуми во нивна близина и се обидува да биде нешто што не е. Емпатите го мразат ова. Тие мразат одвоени личности. Ако сакате да привлечете емпат во вашиот живот, мора секогаш да бидете свои. Тие ќе ги прифатат вашите мани без никаков сомнеж сѐ додека не се преправате.
10. Можат да препознаат кога некој ги искористува
Емпатите не се наивни. Тие знаат кога некој ги искористува и нема да толерираат ниту една форма на злоупотребување. Доколку забележат дека некој ги искористува, веднаш излегуваат од таквата ситуација.
Во продолжение, прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.
А можат да претчуствуваат дека после читањево ќе напишам: Глупости!