10 модни трикови кои ќе ве спасат кога ќе ви биде најпотребно
6. Закачете го копчето
Паднатото копче освен што ќе ве изнервира, може и да ве доведе до непријатна ситуација, а вие немате секогаш игла и конец при рака. Едноставно искористете спајалица така што ќе ја провлечете низ копчето. Прицврстете ја на другата страна и закопчајте го копчето.
7. Од пегла за коса до пегла за алишта
Немате време за пеглање, бидејќи веќе доцните на работен состанок? Искористете ја пеглата за коса за да ја испеглате јаката и другите впечатливи делови на кошулата. Во секој случај – талентот е поважен од гардеробата.
8. Налакирајте ги конците
Не само што изгледаат неуредно, овие досадни кончиња знаат да известат дека копчето може да падне во секој момент. Со помош на нокти или игли, вовлечете ги конците внатре, а потоа налакирјате ги со безбоен лак од надворешната страна за да стојат на место.
9. Решенине за непријатен мирис во обувките
Ја пронајдовте старата торба за во теретана или старите обувки кои сѐ уште добро изгледаат, но ужасно мирисаат? Не грижете се, постои решение и за тој ужасен мирис! Оставете во обувките кесички чај преку ноќ, а од торбата за теретана не морате воопшто ни да ги извадите. Мирисот значително ќе се намали.
10. Чистење на превртена кожа
Превртената кожа изгледа одлично, но е тешка за одржување. Во случај малку да се извалка, а немате професионална четка при рака, нежно отстранете ја прашината со помош на четка за заби. На секому понекогаш му е потребно брзо решение. Се надеваме дека ќе ви го спасиме денот!