10 квалитети кои секој алфа маж треба да ги бара во својата девојка

10 квалитети кои секој алфа маж треба да ги бара во својата девојка

Алфа мажите и алфа жените се оние кои го обликуваат светот. Тие се нашите лидери, оние кои ги поставуваат трендовите, нашите бељаџии, но и нашите иноватори. Без нив, човечката раса никогаш не би можела да напредува.

10 квалитети кои секој алфа маж треба да ги бара во својата девојка

Да се биде алфа маж има многу придобивки, но и многу недостатоци. Многу често, тие сметаат дека е невозможно да најдат совршена партнерка – личност со која ќе можат да владеат со светот. Точно, на никој не му е лесно да најде девојка, но за алфа мажите тоа е многу потешко. Истото важи и за алфа жените кои бараат партнери. Но, постојат неколку трикови кои можат да ви ја олеснат потрагата. Првиот чекор е да разберете што точно ви е потребно, па доколку и вие сте алфа маж тогаш следниве совети ќе ви бидат од голема корист:

1. Лојалност

Не постои ништо што алфа мажите го ценат повеќе од лојалност – тие се лидери на глутницата и очекуваат оние кои се покрај нив да им бидат лојални. Секако, девојката на алфа мажот нема да биде баш дел од неговата глутница, туку кралица која седи покрај него на нивните тронови. Тој очекува бескрајна лојалност и нема да се помири со ништо помалку.

2. Интелект

Алфа мажите не се грубијани. Тоа можеби се случувало пред милиони години, поради еволуцијата, но сега интелигенцијата е клучот. За алфа мажот да биде доживеан како таков, тој мора да биде перципиран како интелигентен, бидејќи во спротивно нема да има своја глутница која ќе го следи.

Многу често алфа мажите имаат навика да најдат жена која ги цени површните нешта повеќе од интелектот, па токму затоа нивната врска брзо пропаѓа бидејќи на него му станува здодевно, сфаќа дека направил грешка и става крај на врската. Колку е тој поинтелигентен, толку поинтелигентна и неговата девојка треба да биде.

3. Страст

Алфа мажите се водени од страста, од нивните потреби, желби, цели и соништа. Нивната единствена цел во животот е да го создадат животот кој го посакуваат за себе. Покрај овие високи цели за себе, понекогаш наоѓањето жена со која би биле подготвени да го споделат својот живот е малку тешко. Токму затоа тие кога бараат партнерка треба да бараат жена која ќе се однесува кон нив како партнер. Исто така, страста помеѓу нив е клучна.

4. Визија

Животот на алфа мажите не е лесен, всушност тој е малку потежок од животот на останатите мажи. Тие во сè гледаат натпревар. За нив сè мора да има причина или цел. Тие просперираат од нивните визии за животот, но понекогаш одржувањето на таа визија може да им биде тешко. Не постои ништо поопасно во светов од алфа маж која ја изгубил својата визија, кој заборавил зошто постои. Токму затоа нив им е потребна девојка со своја визија за идеална реалност и вие двајцата никогаш нема да се изгубите во животот.

5. Контрола

Контролата е магичен елемент кој ги претвора соништата во реалност. Алфа мажите одржуваат контрола многу повеќе од другите, па токму затоа им е потребна жена која ќе има контрола врз себе и својот живот. Алфа мажите сакаат да ја контролираат својата глутница, но нивната девојка не е дел од глутницата, тие ја гледаат како дел од себе. Токму затоа за нивната врска да успее, таа мора да може да ја контролира реалноста исто како и тој. Па, доколку тој има среќа, таа ќе има контрола и врз него – нешто што понекогаш на секој алфа маж му е потребно.

6. Непредвидливост

Алфа мажите обожаваат мистерија, непредвидливост, непознатост. Тие сакаат загатки, бидејќи кога нештата се предвидливи, нив им е здодевно. Тие веќе неверојатно цврсто ги познаваат можните исходи на ситуациите, па токму затоа многумина од луѓето и ги следат, па кога ќе налетаат на нешто или некој кој едноставно не можат целосно да го сфатат, тие се фасцинирани и сакаат да откријат што е можно повеќе. Доколку една жена продолжува постојано да ги фасцинира, тие никогаш нема да дозволат да ја изгубат.

7. Трпение

Алфа мажите не се луѓе со кои лесно може да се биде. Половина од времето тие се борат со светот, додека пак останатиот дел се борат со себе и ова знае да биде навистина исцрпувачко. И многу тешко за справување, доколку сте девојка на алфа маж.

Алфа мажите треба да бараат партнерка која е трпелива и која сака постепено да гради долготрајна романтична врска. Можеби ќе им треба повеќе време да се прилагодат на идејата да го делат животот со друга личност, но откако ќе го сторат тоа, верувајте ќе вреди! Тие ќе се борат за оваа девојка со повеќе страст отколку што би се бореле за сопствениот живот.

8. Наметливост

Покажувањето висока самодоверба и наметливоста се нешта на што алфа мажот редовно се потпира. Тие го прават тоа што го прават, кога нив им одговара само затоа што сакаат така да го направат, па токму затоа им е потребна жена која живее на истиот начин. Не постои ништо помалку привлечно за алфа маж од жена која е несигурна во себе…

9. Егоцентричност

Да се биде заљубен е многу тешко за еден алфа маж бидејќи за да го постигне тоа е потребно одредено ниво на несебичност кое го чувствуваат неприродно. Тие се неверојатно егоцентрични индивидуи кои повеќето од времето ја сакаат оваа карактеристика кај себе. Но, како и сите луѓе, така и тие не можат да преживеат сами. Нив им е потребна љубов како и на секое друго човечко суштество. Проблемот настанува кога ќе се обидуваат да направат рамнотежа помеѓу одржувањето на нивната индивидуалност со одржувањето на самата љубовна врска во која се подготвени да дадат дел од себе. Токму затоа тие ќе бидат најсреќни во врска во која девојката е подеднакво егоцентрична и грижлива како нив.

10. Мала тврдоглавост

Зошто? Бидејќи алфа мажите се неверојатно тврдоглави и едноставно им е потребна личност со која можат да се натпреваруваат. Тоа е клучно за врската во која постои баланс помеѓу давање и земање, помеѓу тврдоглавост и разбирање. Нив им е потребна жена која ќе знае како цврсто да стои на својот став, жена која ќе кажува сè што ќе ѝ падне на памет и ќе ги прави нештата на нејзин начин само затоа што верува дека тоа е вистинскиот начин. Ова одвреме-навреме ќе ги фрустрира, но што е љубовта без малку фрустрација?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар