10 заповеди за успешно бојадисување на косата во домашни услови - Part 2

10 заповеди за успешно бојадисување на косата во домашни услови

Доколку не сте сигурни кој боја најдобро му прилега на вашиот тен, прочитајте го овој краток водич.

Руса

4-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

На кого му одговара: За секоја жена постои соодветна нијанса на руса коса. Од златна нијанса и боја на карамела, па сè до детско руса, потребно е само да изберете тон кој најдобро ќе му прилега на вашиот тен. Не заборавајте, русокосите секогаш привлекуваат посебно внимание кај мажите.

Како се одржува: Русата боја брзо се исплакнува, па косата честопати прима жолтеникав или зеленикав тон. Затоа е важно да користите препарати за нега и обликување наменета за одржување на руса коса. Коренот ќе биде помалку видлив ако косата ја бојадисате во повеќе нијанси, односно издвоите прамени.

Кафеава

5-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

На кого му одговара: Ако сте природна бринета, тогаш останете така! Тенот на поголемиот дел од жените кои се природни бринети содржи кафеави тонови, поради што оваа боја на коса совршено им одговара. Сепак, ако имате изразен светол тен, темната нијанса на кафеава коса ќе му даде неприроден и исцрпен изглед на вашето лице.

Како се одржува: Ниту една боја не ја прави косата сјајна како кафеавата. Затоа, повремено употребувајте полутрајна боја, која на косата ќе и даде сјај и ќе ја освежи вашата природна боја. Исто така, редовно користете хидрантни шампони и регенератори, или маски за коса.

Црна

6-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

На кого му одговара: Најчесто на жените кои се природни црни. Со оглед на тоа дека станува збор за многу впечатлива боја на коса, ако се одлучите да станете црнки, ќе морате да го промените и начинот на шминкање. Оваа боја на коса одговара на жените кои сакаат да бидат забележени.

Како се одржува: Помеѓу две посети на фризер, морате да ја освежите бојата со прелив или полутрајна боја. Немојте да дозволите косата да ви изгледа „избледена“. Исто така, црната коса често изгледа премногу матирано, поради што треба редовно да користите препарати кои ќе ѝ го вратат нејзиниот сјај.

Црвена

7-10-zapovedi-za-uspeshno-bojadisuvanje-na-kosata-vo-domashni-uslovi-www.kafepauza.mk_

На кого му одговара: Жените чија кожа има потопли тонови (жолтеникава) треба да изберат портокалови тонови (бакарна боја). На жените со посветол тен најдобро им прилегаат потемни нијанси на црвена боја, како што е бојата на костен. Ако е вашата коса црвеникава, немојте да се бојадисувате со црвена боја.

Како се одржува: За жал, црвените бои најбрзо избледуваат и најтешко се одржуваат. Затоа ќе морате почесто да се бојадисувате или да ја освежувате бојата со преливи и препарати кои ја „фиксираат“ нијансата. На оваа боја ѝ е потребна посебна нега кога е подолго време изложена на сонце.

За полесно да ја изберете идеалната боја за вас, ви препорачуваме да го погледнете овој детален водич за да откриете какви прамени најдобро одговараат на вашата коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар