Здравствени проблеми кои влијаат на вашата телесна тежина
6. Пролактином
Пролактиномите се бенигни тумори кои се појавуваат во хипофизната жлезда, делот од мозокот кој го создава хормонот пролактин. Иако не се опасни, тие може да предизвикаат несакани ефекти, во кои спаѓа и зголемување на телесната тежина. Најчесто овие тумори се третираат со лекови, а понекогаш и со операција.
7. Повеќекратно депресивно растројство
Ова нарушување е поблага форма на хроничната депресија кое може да влијае и на емоционалното и на физичкото здравје. Тоа предизвикува чувства на тага и безнадежност. Луѓето кои страдаат од ова растројство многу често искусуваат промени во спиењето и апетитот, па веројатноста за прејадување и дебелеење се зголемува. Ако јадете кога сте тажни, а ова се случува секојдневно, најдобро е да посетите лекар. Комбинацијата од лекови и терапија со разговор ќе ви помогне да се справите со чувствата. Здравите животни навики ќе ги заменат деструктивните, па ќе ги изгубите непосакуваните килограми.
8. Менопауза
Одржувањето на телесната тежина станува потешко со стареењето. За жал, ова е многу почесто кај жените кои имаат над 50 години. Хормоналните промени за време на менопаузата може да предизвикаат дебелеење, особено кај абдоменот. Но, тоа што сте во менопауза не мора да значи дека ќе ја зголемите вашата тежина. Правилната исхрана, редовното вежбање и квалитетниот сон ќе го намалат ризикот.
9. Генерализирано анксиозно растројство (ГАД)
Одвреме-навреме секој е под стрес. Но, ова нарушување е многу повеќе од повремената нервоза. Ако страдате од ГАД веројатно постојано чувствувате напнатост и се грижите за сè и секого, дури и кога тоа е ирационално. Овој хроничен стрес го тера вашето тело да произведува повеќе кортизол. Овој хормон го „охрабрува“ вашето тело да создава масни наслаги, а може да ви се зголеми и апетитот. Вашиот лекар може да ви препорача лекови, или пак терапија со разговор.
10. Кушингов синдром
Овој синдром е малку посериозен. Тој се појавува како резултат на високото ниво на кортизол. Депресија, стрес, па дури и некои лекови може да го зголемат нивото на овој хормон. Покрај зголемување на телесната тежина, други симптоми се акни, висок крвен притисок и слабост во мускулите. Шансите да го имате ова нарушување се многу мали, но ако препознавате некои од симптомите, најдобро е да го посетите вашиот лекар.
Дали сте свесни за опасностите од наглото слабеење?