Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите - Part 2

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите

5. Како да ги избелите забите?

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите

Постои нешто што е наречено RDA (Relative Dentin Abrasivity) – релативна забна абразивност. Вредноста може да биде од 0 до 220. Ако пастата за заби е за избелување, RDA ќе биде над 70 што значи дека во неа има многу абразивни честички. Ова е како шмиргла за вашите заби и поради тоа не би требало често да ги употребувате овие пасти. Ако немате чувствителни заби или други проблеми, тогаш периодично употребувајте паста со повисока RDA.

За чувствителни заби најдобро е да изберете паста со најниска RDA вредност (околу 20-40). Имајте на ум дека избелувањето на забите е поради отстранување на талог од чај, кафе и тутун. Природните заби имаат малку жолта нијанса и избелувањето од неколку нијанси е можно само кај заболекар.

6. Што се фисури и зошто треба да се залеваат?

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите

Фисурите се природни вдлабнатини на моларите, забите за џвакање. Нивната форма е совршена за во нив да се заглават честички храна. Поради ова овде најчесто се појавува кариес. За да ја спречите неговата појава, можете да ги залеете фисурите. Оваа процедура вклучува чистење, отворање и полнење на забот со посебна супстанца. Како резултат бактериите нема да можат да се заглавуваат и размножуваат.

7. Дали навлаките за заби се безбедни?

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите

Навлаките се направени од керамика и го заменуваат надворешниот слој на забот. На некој начин можете да ги споредите со вештачки нокти. Ако имате добар заболекар, тогаш дебелината на навлаката нема да биде над 0,7 милиметри. Навлаките можат да ви помогнат ако:

  • Имате големо растојание меѓу забите
  • Бојата на забите не е иста и не се избелува
  • Не ја сакате формата на вашите заби

Навлаките можат да се скршат доколку притиснете силно, па доколку ги триете забите можеби не се најдоброто решение за вас. Исто така не нанесувајте навлаки ако ви недостига барем еден заб за џвакање.

8. Што може да предизвика долгото немање заб?

Заболекарка ги одговара најчесто поставуваните прашања за грижа на забите

Ако ви извадиле или сте изгубиле заб, немојте да го одложувате ставањето нов. Многу пациенти не ги поправаат забите со цел да заштедат пари и го вадат бидејќи мислат дека не се гледа. Потоа не ставаат нов вештачки заб бидејќи им е скапо. Но ова може да има лоши последици. Со текот на времето соседните заби ќе се поместат на празното место и нема да остане место за вештачки заби. Тогаш можеби ќе биде потребна посериозна и поскапа процедура.

Дали знаете дека понекогаш појавата на брчки е поврзана и со вадењето на забите за џвакање? Сигурно сте забележале како изгледаат усните на постарите луѓе. Само 2 или 3 извадени заба можат драстично да ви го променат изгледот.

Пробајте и некои од природните лекови за болката во вашите заби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар