Верувале или не, овие шокантни знаци покажуваат дека сте возрасни
6. Сте го однеле автомобилот на автомеханичар
Понекогаш животот не е фер и можеби ќе поминете цела недела без автомобил. Без разлика која е причината, со автомобилот сте завршиле кај автомеханичар или сами сте се обиделе да го решите проблемот. Во тој момент голема е веројатноста да се почувствувате возрасно. Учите нови работи, пополнувате формулари, учите да користите алати… вие сте одговорни за вашиот живот.
7. Имате сопствени планови за патување
Закажувањето летови и хотели може да биде навистина стресно. Сакате да одите каде било, но потребно е да одвоите време, а и пари. Но, знаете дека тоа секогаш вреди.
Кога сте оделе на одмор со семејството, вашите родители се грижеле за овие работи. Ваша грижа било само пакувањето на куферот. Сега ги барате најдобрите апликации за патување и постојано барате добри понуди за летови. Не заборавајте да си го обновите пасошот! И тоа е обврска на возрасните.
8. Се имате жалено за помладата генерација
Ако сте се пожалиле за помладата генерација барем еднаш, тоа значи дека повеќе не сте дете. Сте ги искажале вистинските размислувања за новите серии и како оваа младина нема да знае колку било убаво во минатото. Искористете го ова и поставете добар пример. Возрасни сте, па малите ја очекуваат вашата мудрост.
9. Сте гласале
Гласањето е очигледен знак дека сте пораснале. Не само што треба да стигнете одредена возраст за да гласате, потребно е да имате и ваши ставови. Треба да сфатите што ви е најважно и да научите нешто повеќе за кандидатите. Почнувате да размислувате како возрасна личност, а политиката не е нешто што би ги интересирало малите.
10. Сте купиле планер
Купувањето планер, па може и некое пенкало во боја, е знак дека сте се претвориле во возрасна личност. Ги запишувате обврските и го следите вашиот календар. А сигурно ви се допаѓа чувството кога ќе завршите некоја од обврските во планерот.
Знаете ли кои се разликите помеѓу родендените во детството и оние кога сте возрасни?