Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат - Part 3

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

11. Надија Гиосија: Босилек

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Не постои состојка што оваа готвачка не може да ја искористи.

„Босилекот кој е стар 7 или повеќе години им додава неверојатен вкус на сосовите, одличен е за месо како и за чоколадни и овошни десерти.“

12. Сани Андерсон: Кисели халапењо пиперки

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Ако сте скептици, дефинитивно би требало да им дадете шанса на овие лути пиперчиња.

„Теглата со кисели пиперки постојано се наоѓа во мојот фрижидер. Ги додавам во пире, јајца, преливи за салати и многу други оброци.“

13. Пат и Џина Нили: Маст од сланина

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Ова дуо кое обожава скара редовно користи маст од сланина.

„Кој не го сака тој вкус? Сечкаме малку сланина, ја ставаме во тавче, па во маста го пржиме зеленчукот.“

14. Хосе Гарсес: Шафран

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Овој готвач вели дека нема нешто подобро од шафранот.

„Сакам да правам едно традиционално јадење наречено „Шпанска тротила“. Тоа е фритата од јајца и компири на која додавам и шафран.“

15. Марк Форџионе: Срирача сос

Тајни состојки кои познатите готвачи сакаат да ги користат

Многу луѓе го сакаат овој сос, а овде спаѓа и готвачот Марк Форџионе.

„Кога прв пат го пробав мојот рецепт за коктелот „Крвава Мери“ додадов и малку срирача. И не го направи коктелот лут, туку му даде побогат вкус. Сега го додавам во сè – од супи до јајца.“

Пробајте ги и овие трикови кои ќе направат да изгледате како вистински професионалец во кујната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар