Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа? - Part 2

Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?

5. Здолниште со А линија и чевли со високи потпетици

Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?

Проблемот со овие здолништа е што прават нозете да ви изгледаат пократки, а колковите пошироки. Па чевлите со висока или средна потпетица се најдобар избор. Одберете ја висината на потпетицата според вашата рутина или времето. Ако не ви е проблем да изгледате малку пониско, овие здолништа изгледаат одлично и со патики.

6. Мини здолниште со чизми

Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?

Денес мини здолништето можете да го најдете во разни материјали и во сите бои. Стилистите советуваат дека е најдобро да го комбинирате со чизми. Можете да одберете чизми со висока потпетица и со врвки за похрабар изглед, или да го комбинирате со оксфордки. Во постудените денови комбинирајте го со чизми до колена.

7. Миди здолниште со нешто секојдневно

Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?

Миди здолништата се одличен избор за во лето. Можете да ги комбинирате со многу додатоци и видови чевли. Можете да ги носите со патики и блуза без рамена и ќе имате совршена комбинација. Можете да ги комбинирате и со ниски сандали во иста боја. Ако сакате нешто поформално, одберете чевли со средна потпетица и отворени прсти.

8. Макси здолниште со чевли со висока потпетица или платформа

Со какви чевли да ги комбинирате разните видови здолништа?

Макси здолништата се направени за да ја нагласат вашата половина. Па комбинирајте ги со колани или елеци. Кога станува збор за чевлите, најдобро е да ги комбинирате со чевли со висока потпетица или платформа. Во лето можете да ги носите со сандали со висока потпетица, а во постудените сезони одберете чизми со висина до глуждот.

Погледнете и кои се безвременските стилови на чевли во кои секогаш ќе бидете заљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар