Професорка со необичен стил која стана модна икона
Приказната на Лин Слејтер, 63-годишна професорка, се прошири низ целиот свет откако била фотографирана од група набљудувачи и новинари кои помислиле дека е некоја славна личност. Интересно е што овие фотографии го промениле животот на Лин, а нејзиниот стил и чувството за мода многу брзо се расчуле низ целиот свет. Денес Лин води моден блог кој има огромна посетеност.
На почетокот изгледало како криза на идентитет за прекрасната Лин
Оваа професорка не ни помислувала дека облеката може да ѝ ја подобри кариерата, особено кога нејзината кариера не била онаа на моден блогер. Со 63 години, Лин дефинитивно е задоволна со своето тело и зрачи со самодоверба. Таа не е обожавана само поради фактот што може да си дозволи скапа облека, или пак заради нејзиниот талент да комбинира авангардни парчиња облека, што е навистина тешко да се направи. Нејзината самодоверба е она што ја прави посебна. Кога ја гледате како позира на фотографиите ќе си помислите дека станува за супер модел.
Како почнало сè? Лин одела да се види со некој пријател, а останатото е историја
За средбата со својот пријател, Лин одбрала комбинација која ќе ги натера Енди Ворхол, Марк Џејкобс и Том Форд да ѝ аплаудираат. Таа успешно комбинира уметност и мода и едноставно изгледа неверојатно. Секој што ја погледнал, помислил дека станува збор за познат дизајнер, моден блогер или познат уметник. Пред да стане позната, Лин била обичен професор кој држел предавања и разговарал за оценките на учениците. Но денес, таа е зафатена позирајќи за неколку рекламни кампањи.
Оваа прекрасна дама докажува дека убавината и модата не гледаат години и дека секој човек има право да се чувствува убаво и да го искажува тоа на начин на кој што сака.
Продолжете на следната страница за да погледнете повеќе фотографии од оваа модна икона…