Положби за спиење што ќе ви ги олеснат најчестите 10 здравствени проблеми
6. Проблеми со дигестијата
Сонот многу лесно може да се прекине кога ве измачуваат проблеми со дигестијата. Но, спиење на левата страна може да ви помогне во ова. Оваа положба е од помош бидејќи вашиот желудник се наоѓа на левата страна. Ова ѝ дозволува на гравитацијата да го забрза процесот на варење, па вие ќе можете да се успиете.
7. Проблеми со синусите
Спиењето во лоша положба додека имате проблеми со синусите може да резултира со затнување на дишните канали и прекинување на сонот. Обидете се да ја подигнете главата за да го избегнете овој проблем. Важно е главата да ви биде повисоко од срцето за да се намали количината на крв во носот.
8. ПМС болки
Болките кои настануваат во овој период може да не ви дозволат да се успиете. Но, положбата на фетус може да би помогне да го намалите притисокот на абдоминалните мускули. Исто така можете да ги намалите симптомите ако ставите перница под вашите колена.
9. Висок крвен притисокот
Според едно истражување, положбата на спиење може да влијае на крвниот притисок. Ако имате висок крвен притисок, обидете се да спиете на левата страна. Исто така спиењето на стомак е доста ефективно.
10. Болки во колковите
Болката во колковите може да ви го отежни удобното спиење. Важно е да се наместите во положба која не врши притисок на колковите и на грбот. Најдобра положба за ова е спиење на стомак. Исто така, ако сакате да спиете на страна, ставете перница помеѓу нозете. Можете да се обидете да спиете и на грб поставувајќи перница или ќебе кои ќе го подржуваат вашиот грб.
Погледнете ги и опасните последици од лошите навики за спиење.