Овошја и зеленчуци кои не се добри за вас
6. Манго
Како честа состојка во смудињата, тешко е да се избегне ова овошје. Но, 200 грама манго содржат околу 23 грама шеќер.
7. Компири
Иако компирите се речиси неизбежен прилог со секое јадење, тие не се најдобар избор ако сакате да се храните здраво. Само еден компир содржи 36 грама јаглехидрати. Па, бидете умерени со овој зеленчук.
8. Банани
Бананите се наоѓаат во сечија кујна. И иако наутро се подобар избор од палачинки, имајте на ум дека не треба да изедете многу. Ако се обидувате да ослабете, заменете ги со друго овошје.
9. Тиква
Есента и зимата се периоди за јадење тиква и иако таа си има свои придобивки, не е препорачливо да ја јадете многу често. Таа содржи премногу јаглехидрати.
10. Смокви
Ако сакате да го намалите внесувањето шеќер, избегнувајте ги смоквите. Свежите смокви се полни со хранливи влакна и го намалуваат крвниот притисок. Но, 100 грама од ова овошје содржи околу 16 грама шеќер.
11. Лубеница
Во топлите летни денови нема ништо поубаво од парче лубеница. Но, ако не сте физички активни ограничете го консумирањето на ова овошје. Иако има многу здравствени придобивки, лубеницата содржи многу фруктоза – природниот шеќер во овошјето.
Погледнете и кои видови „здрава“ храна се полоши дури и од помфритот.