Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат - Part 2

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

4. Изедете лесен оброк

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Јадењето обилен оброк пред долго патување со возило е лоша идеја. Исто лошо е да тргнете и со празен стомак. Стомачните киселини можат да направат да чувствувате гадење, а ако изедете многу храна стомакот е посклон кон гадење. Обидете се да изедете некој лесен оброк околу 45 минути пред патувањето. Исто така држете се настрана од зачинета и мрсна храна. Се разбира, не заборавајте да пиете многу вода.

5. Избегнувајте алкохол

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Можеби ви звучи примамливо да се напиете нешто пред да полетате, но ова може само да ја влоши морската болест. Избегнувајте секакви стимули што предизвикуваат гадење. Алкохолот не само што ќе ја влоши морската болест, туку и ќе ве дехидрира.

6. Усогласете го телото со очите

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Ако имате морска болест, немојте да гледате надолу или наназад во возилото. Ова создава збунетост и за очите и за ушите. Стоењето или исправеното седење можат да ви помогнат.

Колку долго трае морската болест?

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Штом ќе запре движењето, ќе се чувствувате подобро. Дозволете си да се почувствувате приземјено откако ќе заврши патувањето. Со ова ќе ја отстраните збунетоста на мозокот. Ако не се чувствувате подобро еден час од застанувањето, најдобро е да посетите лекар.

Како да ја спречите морската болест?

Одлични совети за луѓето на коишто им се гади додека се возат

Постојат неколку опции со кои можете да ја спречите морската болест.

  • Побарајте лекови што го намалуваат гадењето.
  • Гледајте кон хоризонтот.
  • Заборавете на телефонот и уживајте во пејзажите и музиката.
  • Пробајте да заспиете. Кога сте заспани не чувствувате движење и ќе ви биде подобро.

Погледнете и како да се ослободите од мамурлак, гадење и морска болест со помош на акупресура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар