Најдобрите вежби за деца кои поминуваат премногу време пред екран
6. Тенис
Тенисот е одличен за градење самодоверба и стратегиско размислување. Покрај тоа има неверојатни физички придобивки – координација на очите и рацете, флексибилност, подобрена моторна функција и рамнотежа.
7. Гимнастика
Повеќето деца кои одат на гимнастика не завршуваат на Олимписките игри, но тоа е сосема во ред. Гимнастичарите се едни од најподготвените атлети. Децата ќе стекнат флексибилност, координација, подобрена когнитивна функција, самодисциплина и неверојатно цврсти мускули. Бидејќи вежбите се забавни, нема да се чувствуваат како да вежбаат.
8. Фудбал
Фудбалот е одличен за кардиоваскуларното здравје и ја зголемува флексибилноста и координацијата. Уште поважно, децата ќе научат да играат во тим. Бидејќи се игра на отворено, децата ќе поминуваат повеќе време на сонце.
9. Борење
За разлика од боречките вештини, обичното борење се фокусира само на двајца. Со него се развива чувствителност бидејќи се обидувате да почувствувате што прави партнерот преку близок контакт. Ова е можеби најдобрата вежба за деца бидејќи развива самодисциплина, одговорност и вештини за самоодбрана.
10. Паркур
Кој не сака да изгледа како суперхерој? Паркурот е комбинација од гимнастика и боречки вештини. Благодарение на поп културата, овој спорт е навистина популарен денес. Овој спорт го поттикнува размислувањето преку качување и скокање преку пречки, а истовремено се развиваат сила и неверојатна координација.
Знаевте ли дека сосема е во ред вашите деца да не бидат постојано среќни?