Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација - Part 2

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

6. Свиленкасти нозе

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Свиленкастите нозе не се резултат на напредна технологија за депилација, туку метод што го користат многу модели. Прво направете пилинг на нозете, па избричете ги. За најдобар резултат направете уште еден пилинг. Се разбира, не ја заборавајте кремата за навлажнување.

7. Универзална долна облека

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделите често треба да сменат неколку парчиња облека во една фотосесија и немаат секогаш време да ја одбираат правилната долна облека за секое парче. Долната облека е најдобро да биде како бојата на вашата кожа за да можете да ја носите со секаква облека. Истото важи и за лакот за нокти.

8. Невидлива шминка

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделите не треба да носат шминка за време на кастинг за дизајнерите да знаат како навистина изгледаат. Сепак, тие користат неколку трикови за да изгледаат свежо. За да ги сокриете несовршеностите на кожата употребете коректор кој совршено одговара на бојата на ваша кожа. Карминот нанесувајте го со прстите. Неговата боја треба да биде малку потемна од природната боја на усните. Истиот кармин можете да го употребите и како руменило. Моделите нанесуваат и сјај за усни на јаболкниците наместо хајлајтер бидејќи се впива во кожата и не остава видливи траги.

9. Природна брановидна коса

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Не е едноставно да направите брановидна коса. Стилистите на моделите употребуваат пегла или фигаро за да го постигнат овој изглед, но ги прават локните во сите насоки. На крај нанесуваат малку лак за коса. За да постигнете изглед како од плажа, можете да нанесете и малку морска сол на прстите и да ја втриете во косата.

10. Сува масажа

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Миранда Кер го трие целото нејзиното тело со сува четка од природни влакна. Многу жени го сакаат овој трик. Четката е совршена за отстранување на мртвите клетки и ја прави кожата нежна. Исто така ја стимулира циркулацијата на крвта и го намалува целулитот.

11. Без дамки од кармин

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Насмевката со кармин на забите воопшто не изгледа убаво. За да го избегнете ова, нанесете малку вазелин на забите пред да го нанесете карминот.

Зошто да не пробате и некои од триковите за убавина на вашата баба?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар