Лоши навики кои ви ги влошуваат симптомите на анксиозност - Part 2

Лоши навики кои ви ги влошуваат симптомите на анксиозност

7. Јадете премногу брза храна

(7)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Преработената храна најмногу се состои од едноставни јаглехидрати кои не му даваат доволно енергија на вашето тело. Јадењето брза храна пак, секогаш ќе ве тера да јадете уште. Иако неколку колачиња ви звучат како добра идеја, подоцна ќе зажалите за тоа. Кога чувствувате симптоми на анксиозност најдобро е да јадете храна богата со протеини и комплексни јаглехидрати како овес, јајца, зелен зеленчук и компири. Храната можеби нема да ве излечи, но ќе ви помогне да се чувствувате посмирено.

8. Пиете алкохол

(8)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Кога ќе помине дејството од алкохолот, големи се шансите да се чувствувате уште полошо. Алкохолот го зголемува нивото на серотонин, а ова ве прави среќни. Кога ќе помине неговото дејство, серотонинот нагло се намалува а тоа има големо влијание на вашето расположение. Иако нема ништо лошо во неколку пијачки со пријателите, сепак избегнувајте да пиете за да се опуштите.

9. Пушите цигари

(9)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Цигарата можеби ќе ве смири, но тоа е само привремено. Ако сте редовен пушач, вие сте зависни од никотин, и кога нема да запалите цигара имате симптоми кои се многу слични како оние кај анксиозноста.

10. Премногу седите

(10)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Знаеме дека седењето е лошо за физичкото здравје, но тоа има негативни последици и на менталното здравје. Обидете се на секои 30 минути да „одморите“ од седење и бидете физички поактивни.

11. Не пиете доволно вода

(11)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Недостатокот од течности нема да предизвика анксиозност, но може да ги влоши нејзините симптоми. Лесно е да дехидрирате, а да не бидете свесни за тоа. Па, пијте вода секогаш кога можете.

12. Не вежбате

(12)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Редовната физичка активност го намалува стресот и ги подобрува вниманието и концентрацијата. Вежбањето произведува хормони кои го подобруваат расположението, па наместо да ја избегнувате физичката активност, кога сте анксиозни, одете на прошетка, вежбајте јога или најдете некоја активност која бара движење.

13. Одложувате

(13)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Одложувањето се случува од многу причини – од недостаток на интерес, до стравот дека нема да успеете. Сигурно ви е познато чувството кога правите едно нешто додека треба да правите друго. Па, станувате премногу анксиозни за да работите, а одложувањето само ви ги влошува симптомите. Најдобриот начин да се справите со ова е да ги поделите задачите на мали делови. Всушност, многу е лесно да завршите нешто штом веќе сте го почнале.

Погледнете ги и овие едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите на анксиозноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар