Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема
Јога
На Јутјуб можете да најдете многу видеа со 10-минутна јога рутина. Ние ви одвојуваме едно од нив, но ако не ви одговара, слободно направете и самите брзо пребарување – изборот е огромен!
Вежби на маса
Овие вежби се одлични и ќе можете да го искористите просторот дома па дури и на работното место. Ова е одлично место за склекови или подигнувања, а вашите раце ќе бидат обликувани за многу кратко време. Погледнете го видеото за да добиете неколку идеи како можете да ги практикувате овие вежби.
Бурпи
Ако барате едноставност, нема подобра вежба од оваа. Бурпито ги обликува вашите раце, гради, листови и стомак, па немате потреба од ништо друго. Ова е идеалната вежба за зацврстување и за согорување на масните наслаги. Почнете со 10, па потоа зголемувајте го бројот додека не стигнете до 100. Или пак, пробајте да направите што е можно повеќе во една минута.
Планк
Планкот е одлична вежба за домашни услови бидејќи не треба многу простор. Почнете со 30 секунди, па зголемувајте додека не стигнете до 2 минути.
Вежбање со партнер
Најдобриот начин да останете мотивирани е да вежбате со пријател, а истото важи и за вежбањето дома. Направете ги вежбите забавни. Доколку не можете да бидете во иста соба, секогаш може да користите видео повик.
Погледнете ги и овие дополнителни 7 вежби за жешко тело!
Одлично е ова!
Треба да има посебна рубрика за вежби
Поздрав