Како да ја преживеете летната бременост? - Part 2

Како да ја преживеете летната бременост?

6. Прекумерно потење

Како да ја преживеете летната бременост?

Бременоста во текот на летото може да предизвика многу проблеми со кожата. Чешањето, прекумерното потење и осипите се можни проблеми во оваа фаза. Иако е речиси невозможно да ги избегнете сите проблеми, можете да користите пудра за да се чувствувате суво подолго време. За жал ќе треба да научите да се справите со потта бидејќи е дел од бременоста во секоја сезона.

7. Болни стапала

Како да ја преживеете летната бременост?

Во текот на бременоста веројатно ќе треба да ги замените модерните чевли со нешто поудобно. Одберете рамни чевли или влечки кои му овозможуваат потпора на стапалото. Иако можеби чинат повеќе, оваа инвестиција навистина вреди.

8. Замор

Како да ја преживеете летната бременост?

Заморот може да се појави во секоја фаза од бременоста, а ситуацијата само се влошува со високите летни температури. Најдоброто нешто што можете да го направите кога чувствувате замор е да го послушате телото и да се одморите. Ако сте на работа ќе ви помогне и 15-минутна дремка. Ако се грижите и за други деца во текот на целиот ден, најдете дел од денот во кој ќе можете да одморите.

9. Болка во грбот и нозете

Како да ја преживеете летната бременост?

Вишокот тежина може да има големо влијание на грбот и нозете во доцната фаза од бременоста. Предноста на летото е што можете да користите базен за да го решите овој проблем. Додека сте во водата обидете се направите неколку едноставни вежби за истегнување. На овој начин вашето тело ќе остане во форма и полесно ќе се справи со вишокот килограми. Покрај тоа, базенот ќе ве разлади.

10. Изгореници од сонце

Како да ја преживеете летната бременост?

Бременоста може да го промени начинот на кој кожата ви реагира на сонце. За да ги избегнете изгорениците секогаш употребувајте квалитетна заштитна крема. Кога сте надвор обидете се да се покриете со облека или да бидете под сенка. Бременоста е доволно неудобна и без да се справувате со изгореници.

Знаете ли што е дозволено, а што е забрането да пиете во текот на бременоста?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Остави коментар