Како безбедно да ги користите јавните тоалети и да го заштитите вашето здравје?
6. Исушете ги рацете со хартија
Немојте да ги сушите рацете со топол воздух. Запомнете дека микробите живеат во влажна и топла средина. Подобро е да ги избришете рацете со хартија која ја има во речиси сите јавни тоалети.
7. Не допирајте ја вратата без заштита
И вратите во јавните тоалети се полни со микроби. Па, пред да го напуштите тоалетот „вооружете“ се со тоалетна хартија и со неа отворете ја вратата.
8. Користете средство за дезинфекција
Секогаш имајте средство за дезинфекција на раце со вас. Ќе ви се најде по користењето на тоалет, но како и пред јадење или користење на јавен превоз. Овие средства можете да ги најдете во секоја аптека, како и во супермаркетите.
9. Секогаш носете ваша тоалетна хартија или влажни марамчиња
Неретко се случува јавните тоалети да останат без тоалетна хартија. Па, подобро е да бидете подготвени. Секогаш имајте тоалетна хартија или влажни марамчиња со вас.
10. Не двоумете се да пријавите за валкан јавен тоалет
Модерните компании водат грижа за хигиената. Па, не треба да се двоумите и да им кажете дека нешто не е во ред. Со ова ќе ѝ помогнете на компанијата да се подобри.
11. Ако имате бебе
Ако имате бебе и потребно е да му ја промените пелената, секогаш имајте ги следниве работи со вас:
- Пелена која ќе ја ставете под бебето за неговата кожа да не ја допира површината на масата
- Влажни марамчиња
- Средство за дезинфекција
Прочитајте и зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет!