Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат - Part 2

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

6. Смуди

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Често кога приготвувате смуди може да додадете премногу состојки. Овошјето и зеленчукот ја губат својата форма, па мислите дека порцијата е премногу мала и го декорирате со шлаг пена или нешто слично, мислејќи дека го правите похранливо. Како резултат на ова, вашето смуди има многу шеќер. Исто така не е препорачливо да се јадат портокали, манго или банани наутро.

Предлог: Мерете ги состојките за да знаете колку навистина ви се потребни.

7. Млеко

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Научниците не препорачуваат да се пие млеко наутро бидејќи го стимулира производството на киселини во стомакот. Исто така може да ви предизвика и акни ако имате проблематична кожа.

Предлог: Пијте млеко наутро, но само по оброкот.

8. Обезмастен јогурт

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Ако сакате да се храните здраво, не го избегнувајте полномасниот јогурт. Всушност, тоа го поттикнува производството на хормонот холецистокинин кој помага во одржувањето на линијата, го зголемува отпорот на стрес и го подобрува расположението.

Предлог: Одберете природни јогурти кои содржат 3-5% масти.

9. Сендвичи или брза храна

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Кога сте во брзање, најлесниот појадок е некој сендвич од продавница или пекара. Но, овие сендвичи содржат многу канцерогени материи и лоши масти. Покрај тоа, потребно е подолго време за да се обработат вишокот калории.

Предлог: Сендвичите приготвувајте ги дома и користете свежи состојки.

10. Колбаси

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Колбасите содржат масти, сол и додатоци за вкус кои го иритираат стомакот, па дури и го зголемуваат ризикот од рак.

Предлог: Вареното или печеното пилешко е одлична алтернатива за колбасите.

11. Сланина и јајца

Храна за појадок што лекарите и нутриционистите не ја препорачуваат

Нутриционистите не го препорачуваат овој појадок бидејќи сланината содржи премногу холестерол и заситени масти кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести.

Предлог: Омлетот е многу поздрав оброк од пржени јајца со сланина. Покрај тоа во него можете да додадете и зеленчук, како домати или брокула.

Погледнете и неколку предлози за здрав и вкусен појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар