Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук - Part 2

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

7. Краставици

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Одбирајте краставици со светло зелена боја што се тврди. Ако краставицата е свежа, бојата ќе биде силна, без сјај. Сјајот е знак дека краставицата е ѓубрена со нитрати или е прекриена со восок.

Ако опашката на краставицата е исушена, краставицата е презреана. Исто така избегнувајте краставици со дамки или какви било оштетувања.

8. Банани

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Одбирајте банани со светло жолта боја. Малите точки на лушпата се знак дека бананата е зрела. Сепак, овие банани нема да траат подолго од два дена. Исто така немојте да купувате банани со големи темни дамки, ова е знак дека овошјето почнало да се распаѓа однатре.

9. Круши

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Зрелата круша можете да ја познаете по лесната арома. Овошјето не треба да биде ни премногу меко, ни премногу тврдо и не треба да има оштетувања на лушпата. Кафеавите точки во близина на опашката се знак дека овошјето не е свежо. Најчесто малку црвенило е знак за зрелост.

10. Киви

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Кога одбирате киви, поставете го овошјето помеѓу вашите прсти и притиснете. Свежото овошје ќе биде меко, но еластично. Исто така обрнете внимание на мирисот – зрелото киви има силна цитрусна арома, а лушпата треба да биде без оштетувања.

11. Лимони

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Зрелиот лимон има сјајна кора. Овошјата со мазна кора се првиот род на дрвото. Овие лимони имаат поголема концентрација на корисни елементи. Ако кората е со многу грутки и дебела, овошјето има помалку пулпа.

12. Авокадо

Готвач споделува 12 совети за одбирање на најдоброто овошје и зеленчук

Секогаш обрнете внимание на бојата. Зрелото авокадо најчесто има потемна боја. На кората би требало да има малку дамки, но не многу големи. На крај погледнете го делот каде што стои гранката. Ако делот под него е зелен или жолт, можете да го купите овошјето. Ако е кафеав, авокадото е презреано.

Прочитајте ги и овие познати митови за храната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар