9-те најпознати видови насмевки и нивното значење
5. Потсмевање
Оваа насмевка зрачи со презир кон другите. Усните се благо извиени нагоре, а во очите се гледа омраза, па не е многу тешко да го препознаете потсмевот. Секој што ќе налета на оваа насмевка, веднаш ќе ја почувствува.
6. Горда насмевка
Во овој случај усните се тесно споени, а едната страна е малку покрената од другата, па затоа е навистина тешко да се протолкува. Во зависност од ситуацијата, таа може да покажува ароганција или задоволство. Исто така може да се користи за флертување и е навистина ефективна.
7. Насмевка со отворена уста
Оваа насмевка можеби изгледа одлично на фотографии, но не толку во живо. Сепак, без сомнение зрачи со среќа.
8. Флертувачка насмевка
Оваа насмевка е слична со гордата, а разликата е во тоа што можеби ќе ги гризнете или лизнете вашите усни. Насмевката е мистериозна, секси и привлечна. Исто така прави да изгледате многу подобро.
9. „Пан Ам“ насмевка
Ова е најлажната насмевка од сите и го добила името бидејќи стјуардесите од авионската компанија Пан Ам биле тренирани да им ја покажуваат на патниците. Додека усните се отворени и ги покажуваат забите, очите остануваат безизразни. Насмевката не покажува никакви емоции и очигледно е дека е само формалност.
Погледнете и како да разликувате вистинска од лажна насмевка.