9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате - Part 2

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

5. Неочекувано слабеење

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Неочекуваното слабеење подразбира губење многу од вашата тежина без диети и вежбање. Бидејќи вашето тело не може да користи глукоза кога имате дијабетес, тоа почнува да ги согорува масните наслаги и мускулите. Дехидрацијата исто така е причина за слабеење, бидејќи вашето тело ги користи сите достапни течности за создавање урина. Неочекуваното слабеење е ран знак за дијабетес тип 1, но може да се појави и кај луѓето со дијабетес тип 2.

6. Чешање на кожата

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Како што напоменавме, кога шеќерот се исфрла преку урината, тој ги собира течностите од вашите ткива, вклучувајќи ја и кожата. Сувата кожа може да предизвика чешање, а со чешањето можете да си направите рани, па дури и инфекции. Друга причина за чешање на кожата се габичните инфекции кои се многу чести кај луѓето со дијабетес.

7. Бавно заздравување

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Раните кои заздравуваат многу бавно може да бидат знак за дијабетес. Високото ниво на шеќер во крвта не само што го зголемува воспалението на раните, туку ја намалува и циркулацијата. Ова ѝ отежнува на крвта да стигне до оштетените места. Најчесто ова се случува на стапалата. Ако сте забележале дека некои рани заздравуваат побавно од вообичаено, посетете го вашиот лекар.

8. Потемната кожа

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Кожата најчесто потемнува на места каде што се превиткува, како вратот, пазувите, препоните, лактите, колената и зглобовите на прстите. Иако ова може да се појави и кај здравите луѓе, сепак е чест симптом за дијабетес и најдобро е да се проверите.

9. Трнење на дланките и стапалата

9 рани симптоми на дијабетес кои не треба да ги игнорирате

Трнењето или болката во дланките и стапалата е уште еден чест симптом за дијабетес. Бидејќи циркулацијата на крвта е забавена, ова води до оштетени нерви. Дланките и стапалата, бидејќи се најдалеку од срцето, се првите кои страдаат.

Дијабетесот е хронична болест која може да предизвика сериозни компликации ако не се третира. Колку порано е дијагностицирана, толку полесно ќе се справите со неа. Ако забележите кој било од овие симптоми, особено ако се повеќе, посетете го вашиот лекар што е можно побрзо.

Погледнете ги и овие факти и митови за дијабетесот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар