9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело - Part 2

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

5. Тенија

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Луѓето се најмногу запознаени со овој паразит. Тие навлегуваат во телото преку храна или вода која е инфицирана со нивни јајца. Јајцата може да предизвикаат развивање на цисти во и околу вашите органи и ткива. Исто така, ларвите може да стигнат и до цревата каде што ќе се развијат. Возрасните црви може да живеат во човечкото тело и до 30 години. Оваа инфекција може да предизвика гадење, слабост, губење апетит, желба за сол и други компликации со дигестивниот систем.

6. Глисти

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

И глистите се едни од почестите паразити, а начинот на кој влегуваат во човечкото тело е навистина одвратен. Додека инфицираната личност спие, женките положуваат илјадници јајца околу анусот. Симптомите често вклучуваат чешање околу гениталиите и анусот. Јајцата често може да се префрлат и под ноктите, а од таму на речиси секоја површина што ќе ја допрете.

7. Токсоплазма гондии

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Иако имаат големо име, овие паразити се едноклеточни организми. Најчесто се пренесуваат преку незготвена храна, свежа вода, па дури и чистење на кутијата со измет на вашето маче. Многу луѓе кои се инфицирани не покажуваат симптоми бидејќи имунитетот ги штити. Но луѓето со намален имунитет, како и бремените жени може да искусат симптоми слични на грип.

8. Цревна ламблија

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Овој паразит ја предизвикува болеста позната како ламблија. Заштитниот оклоп на овие паразити им овозможува да преживеат надвор од телото, а ги прави и многу отпорни на средства за дезинфекција. Симптомите може да вклучуваат дијареја, гасови, вртоглавица и дехидратација.

9. Црнодробен метил

9 паразити што можеби веќе живеат во вашето тело

Овој паразит влегува во телото преку инфицирани риби. Паразитите може да живеат во телото и до 30 години. Црнодробниот метил е причина за инфекција кај над 35 милиони луѓе во целиот свет кои не покажуваат никакви симптоми, освен ако инфекцијата не е тешка. Во овие случаи може да настанат сериозни компликации на црниот дроб.

Погледнете ги и овие знаци дека во вашето тело живеат паразити, но и како да се ослободите од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар