9 начини за природно ослободување од влакната на лицето - Part 2

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

6. Желатин и млеко

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

  • 1 лажица желатин без вкус во прав
  • 3 лажици млеко
  • Неколку капки лимонов сок
Подготовка:
  • Во сад измешајте ги состојките.
  • Затоплете ја мешавината во микробранова околу 15-20 секунди.
Употреба:
  • Оставете ја смесата да се излади неколку секунди па нанесете ја директно на лицето.
  • Оставете да делува 5 минути и излупете ја.
  • Употребувајте по потреба

Оваа маска е многу леплива и веднаш ги отстранува несаканите влакна. Исто така може да ви помогне да се ослободите од митесерите.

7. Јајце и пченкарно брашно

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 1 јајце
  • 1/2 лажица пченкарно брашно
  • 1 лажица шеќер
Подготовка:
  • Ставете ја белката од јајцето во длабок сад.
  • Додајте шеќер и пченкарно брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Употреба:
  • Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 20-25 минути.
  • Штом ќе се стврдне извадете ја.
  • Повторувајте 2-3 пати неделно

Белката од јајцето се лепи за влакната и ги отстранува ефективно како и восок. Маската е погодна за сите типови кожа, освен за чувствителна и кожа склона кон акни.

8. Компир и леќа

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 300 грама жолта леќа
  • 1 компир
  • 1 лажица свеж лимонов сок
  • 1 лажица мед
Подготовка:
  • Накиснете ја леќата во вода преку ноќ.
  • Следното утро сомелете ја и направете паста.
  • Излупете го компирот и сомелете го.
  • Од компирот исцедете што е можно повеќе вода.
  • Измешајте го сокот од компир со пастата од леќа и додајте мед и лимонов сок во мешавината.
Употреба:
  • Нанесете ја пастата на проблематичните места и оставете да делува 20-30 минути.
  • Штом ќе се исуши, отстранете ја маската со прстите.
  • Употребувајте 1-2 пати неделно.

Сувата леќа го олеснува вадењето на влакната, додека сокот од компир ги осветлува оние што ќе останат. Маската е погодна за сите типови кожа, но ако имате сува кожа не заборавајте ја хидратантната крема по третманот.

9. Папаја и куркума

9 начини за природно ослободување од влакната на лицето

Состојки:
  • 1 зрела папаја
  • 1/2 лажица куркума во прав
Подготовка:
  • Излупете ја папајата и исечете ја на мали делчиња.
  • Направете паста.
  • Измешајте ја пастата од папаја со куркумата.
Употреба:
  • Нанесете ја маската на проблематичните места.
  • Нежно масирајте ја кожата и оставете да делува 15-20 минути.
  • Исплакнете со топла вода.
  • Повторувајте 2 пати неделно.

Еден ензим кој се наоѓа во папајата ја разградува кутикулата на човечкото влакно поради што тоа паѓа. Маската е погодна за сите видови кожа.

Како ефективно да ги отстраните несаканите влакна?

  • Бидете трпеливи со домашните третмани бидејќи за повеќето од нив е потребно време пред да покажат резултати.
  • Отворете ги порите на лицето со помош на пареа пред кој било од третманите.
  • По третманот правилно исчистете го лицето.
  • Пијте многу вода, јадете многу овошје и зеленчук со цел да останете хидрирани и да ги добиете сите витамини кои ѝ се потребни на вашата кожа.
  • За да ги балансирате хормоните и да го намалите растот на несаканите влакна, хранете се здраво и вежбајте редовно.
  • Ако забележите зголемено растење на влакната заедно со други промени, како намалување на градите или продлабочување на гласот, консултирајте се со вашиот лекар.

Погледнете и како да се ослободите од поткожните влакна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар