9 начини да ја зголемите вашата висина
6. Спијте доволно
Нашите тела функционираат дури и кога спиеме. Па не е изненадувачки фактот дека децата најмногу растат додека спијат. Потребно е да спиете 8 часа ако сакате да видите резултати. Од голема важност е и вашата положба на спиење. Најдобро е да спиете на грб без перница.
7. Носете подигнувачи за чевли
Не мора да бидете ѕвезда за да ги користите овие подигнувачи. Тие ќе ви помогнат да изгледате повисоки. Иако ова не е трајно решение, барем ќе изгледате повисоки.
8. Правилна облека
Правилната облека ќе направи да изгледате повисоки. Широката облека и некои модни додатоци може да направат да изгледате пониско.
9. Избегнувајте работи кои влијаат на вашата височина
Пушењето, пиењето алкохол и сличните штетни навики влијаат на растот на телото. Со отстранување на овие навики ќе му дозволите на телото да „дише“ и да го прави она што треба.
Без разлика дали сакате да ја зголемите вашата висина или не, овие навики со сигурност ќе го подобрат и вашето здравје. Кога станува збор за висината, нема потреба да се срамите од неа. Ништо не е поважно од тоа како вие се гледате себеси. Обидете се да ја зголемите вашата самодоверба и да размислувате позитивно.
Погледнете и како да изгледате повисоки на фотографиите.